Работилница Женско претприемништво 19.10.2022 год. Општинска Сала Кавадарци
Објавено на: 20.10.2022
Во просториите на Општина Кавадарци на ден 19 ти Октомври 2022 година (среда) се одржа работилница за Женско претприемништво, на која работилница земаа учество учениците од економско – правна и трговска струка Економски техничар и Правен техничар од четврта година, во присуство на професор М-р Жанета Делова. Целта на оваа работилница беше да се поттикнат младите за да основаат бизниси, да станат финансиски независни и да придонесат кон градење на конкурентно опкружување.
На работилницата се дискутираше за женското наспроти машкото претприемништво, се прикажаа алатки и навики за градење на успешна жена претприемач, се прегледуваа модели на финансирање на меѓународно, регионално и локално ниво, се прегледуваа дигитални алатки за успешни меѓународни бизниси раководени од Македонија.
Организатор на работилницата: Државна Агенција за поддршка на претприемништвото
Работилницата ја изведуваа универзитетски професори и експерти од пракса:
-Проф. Д-р Македонка Димитрова
-Проф. Ирена Апелгрин