Избран претседател и заменик-претседател на Ученичкиот парламент


Објавено на: 04.11.2022

На ден 13.10.2022 година (четврток) се одржа Втората седница на Ученичкиот
парламент на која беше избран претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент
за учебната 2022/2023 година.По упатениот Повик на Првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент за
избор на претседател се пријавија двајца кандидати: Мартина Цветкова и Филип Ралев,
ученици од четврта година. Учениците се претставија пред присутните со програма за работа
на Ученичкиот парламент и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа
функција. По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Ученичкиот парламент
во учебната 2022/2023 година членовите на Ученичкиот парламент го избраа ученикот Филип
Ралев, а за заменик-претседател ученичката Мартина Цветкова. Седницата ја водеше Тијана
Илова, ученичка од четврта година.
На претседателот и заменик претседателот им посакуваме успешна работа.