Изложба по предметот биологија


Објавено на: 19.12.2022

На 19.12.2022 година во холот на нашето училиште беше направена изложба по предметот биологија. Беа изложени голем број модели на молекулата DNK (дезоксирибонулеинска ккиселина) и  RNK (рибонуклеинска), растителна и животинска клетка, градба на вируси, анатомска градба на органи (срце, бубрези, црн дроб, бели дробови и др.), растителни органи, печурки и други модели.

Во изработката на моделите учествуваа учениците од I и II година под менторство на професорите по биологија, Елизабета Иговска и Богде Коцева. Учениците од II-5 клас подготвија пано на кое беа истакнати многу интересни сознанија и истражувања за молекулата на DNK.

На сите ученици им се заблагодаруваме за трудот, креативноста и времето кое го одвоија за да се реализира оваа активност.