Рачно изработени природни сапуни – проектна активност по Хемија

Учениците од IV година, ПМБ подрачје заедно со проф. по хемија Даница Пецова рачно изработија домашни сапуни. Овие сапуни се природни, без вештачки бои, парабени и конзерванси. Изработени се со ладна постапка на сапунификација со што маслата ги задржуваат природните својства. Процесот на сушење е на природен начин во текот на 4-6 недели. Сапуните се изработени од маслиново масло со сулфур. Поради сулфурот во нивниот состав, кој има силно антибактериско и антифунгално дејство, овие тоалетни сапуни се исклучително корисни во лекувањето на проблеми со кожата.