Голем успех на нашата гимназија на регионалниот и државниот натпревар по македонски јазик и литература


Објавено на: 26.12.2023

На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература што се одржа на 18.11.2023 година во ООУ ,,Страшо Пинџур” Неготино, ученичката Елена Илова од II-3 клас, под менторство на професорката Ристенка Јосифова го освои првото место, а на државниот натпревар што се одржа на 16.12.2023 година на Филолошкиот факултет во Скопје, го освои третото место.
Директорката Јасмина Чулева им ги честита освоените награди на ученичката Елена Илова и на професорката-ментор Ристенка Јосифова и им посака многу успеси и понатаму на идните натпревари, каде нашата гимназија ќе биде достојно и со успех претставувана.