Едукативен семинар за ученици „Демократијата и Собранието“


Објавено на: 23.09.2024

За да се приближи работата на Собранието до младата популација што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост,  учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од образовниот профил Правен техничар учествуваа на едукативен семинар за ученици од средно образование  „Демократијата и Собранието“.

Преку содржини прилагодени на возраста со комбинација на теоретски предавања, практични вежби, игри и видео проекции учениците работеа на темите, парламентарна демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, работата на Собранието, изборот на народните претставници и донесување на законите со што ги продлабочија знаењата за управувањето со општеството и власта во Република Северна Македонија.

На задоволство на присутните семинарот започна со организирана обиколка на свечениот дел на зградата на Собранието и тоа салата Македонија, Борис Трајковски, кристална сала, салата на Уставна комисија, охридска и струшка соба, спомен соба на АСНОМ, салата длаборез, холот со портрети и салата под големата купола.