Одбележување на неделата на млади


Објавено на: 12.10.2024

На ден 05.10.2024 ученици од СОУ гимназија „ Добри Даскалов“ Кавадарци кои се волонтери на Општинска организација Црвен крст Кавадарци (ООЦК) земаа активно учество  во одбележувањето на Неделата на млади од 01 до 07 Октомври, под мотото „ИНИЦИРАЈ ДЕЛА-ИНСПИРИРАЈ ПРОМЕНИ“

Настанот се одржа во Домот на култура „ Иван Мазов Климе“ Кавадарци во организација на Црвен крст Кавадарци (ООЦК) , a го отворија Лидерот на клуб на млади при  Црвен крст Кавадарци ученичката Мартина Кендроска од клас II-7 и Претседателот на општинската организација на Црвен крст Кавадарци.

На почетокот пред публиката беше презентирано промотивно видео а потоа  учесниците се вклучија во живо со сите општински организации. Следуваа креативни активности кои кај најмладите присутни придонесоа да се развива свеста за помагање на секој на кој што му е потребно помош. На крај, тим од млади волонтери  пред присутните гости укажуваше вежби по прва помош.

Со ова учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци уште еднаш покажаа дека ги застапуваат хуманите вредности и придонесуваат за нивно ширење и делување за позитивни промени во заедницата.