Save Your Future – Romania

Професори и ученици од гимназијата „Добри Даскалов“  Кавадарци беа учесници на Еразмус+ работилница во партнерското училиште Liceul Tehnologic Țicleni во Тицлени, Романија во периодот од 27.11. до 1.12.2023 година. Учесниците имаа можност да присуствуваат на часови во училиштето, да се запознаат со културата и обичаите на нивните врсници, како и со сите проекти кои тие ги реализираат како наставни и вон-наставни активности. Темата на работилницата беше „Зелени практики за потрошувачите”. Преку повеќе организирани активности, учениците и професорите имаа можност да се запознаат и со природните убавини кои ги нудат регионите на Тицлени и Букурешт како „Бранкуси“ скулпторски комплекс, посета на Историскиот музеј и посета на Музејот на уметност и стадионот во Таргу Жиу, експертска нафтена компанија, посета на Парламентот на Романија.

Покрај запознавањето на културата, учесниците имаа активности во рамките на работилниците на тема „Зелени практики за потрошувачите“, „Кој е свесниот потрошувач?“, креирање видеа како продукти на работилницата на истата тема итн.

Преку проектот Зачувај ја својата иднина – Save your future во делот „Зелени практики за потрошувачите” реализиран низ низа активности, учениците имаа можност да се стекнат со финансиска писменост и добри потрошувачки навики.