Денес во просториите на Гимназија ,,Добри Даскалов” се одржа форум “Младински инкубатор : Од идеја до општински буџет 2027“, на кој што присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев.
Младиот евроамбасадор Ѓорѓи Ристов истакна дека целта на форумот е Развој на реални младински иницијативи со потенцијал за вклучување во општински буџет. Директорот на гимназијата м-р Зоран Милевски, истакна дека како училиште, ние секогаш ќе бидеме отворени за вакви иницијативи кои ги поттикнуваат младите да размислуваат, да создаваат и да преземаат одговорност и им посака успешна работа, конструктивна дискусија и идеи кои ќе прераснат во реални проекти.
Присутните ученици беа поделени во групи, кои разработуваа иницијативи и идеи за понатамошна презентација. Овој форум покажа дека младите во Кавадарци имаат огромен потенцијал и желба да се вклучат како во образовниот така и во социјалниот процес на развој на нашата општина.
На иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев во наредниот период ќе се оствари и официјална средба со учениците, за подетална дискусија околу идеите и иницијативите на младите.
