Во период од 26.5.2026 до 28.5.2026 година учениците од I и II година при СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” успешно реализираа тридневна научно-истражувачка екскурзија на релација Кавадарци- Вруток- Бигорскиот манастир-Струга-Охрид-Кавадарци
Посетивме значајни природно и културно историски знаменитости во нашата земја.
Првиот ден го посетивме Вруток, познат по изворот на реката Вардар и прекрасната природа.
Манастирот ,,Св. Јован Бигорски”, еден од најубавите православни манастири во Македонија, познат по својата историја, архитектура и духовно наследство.
Во Струга го посетивме Природно научниот музеј „Никола Незлобински“, биолошкото, етнолошкото, археолошкото и историското одделение.
Ја посетивме и Спомен куќата на браќата Миладиновци, основоположници на македонската преродба, поборници на културната слобода на својот народ за својот мајчин јазик. Учениците потоа го видоа местото каде реката Црн Дрим истекува од Охридското Езеро и Мостот на поезијата.
Вториот ден се запознавме со градот Охрид, од каде започува да се шири словенската писменост и култура. Град богат со културно историски знаменитости и природни убавини.Куќата на Робевци, црквите ,,Св. Софија”, ,,Св. Јован Канео”, Самуиловата тврдина, Античкиот театар,потоа Плаошник или црквата ,,Св. Климент Охридски”, место кое претставувало расадник на словенската писменост и култура,место каде е изграден првиот словенски универзитет на Балканот, познат како Охридска книжевна школа.
Третиот ден го посетивме Заливот на коските, каде видовме како живееле старите Словени и ја посетивме црквата ,,Св. Наум Охрдиски” (чудотворецот), значаен духовен и историски центар во Македонија, со импресивна архитектура и фрески.
Екскурзијата беше незаборавно искуство. Научивме повеќе за нашата историја, култура и природни богатсва. Покрај тоа поминавме убаво време со дружење, создадовме нови спомени, направивме нови приказни и стекнавме нови знаења.























