Прва и втора награда за нашите ученички на Државниот натпревар по македонски јазик и литература

На 7.6.2026 година, на Филолошкиот факултет во Скопје, ученичките Весна
Давчева и Елена Манасијевска достојно го претставија нашето училиште на Државниот
натпревар по македонски јазик и литература за III година, постигнувајќи одлични
резултати.


Под менторство на професорката Катица Манева, Весна Давчева ја освои првата
награда, а Елена Манасијевска втората награда, потврдувајќи ги своите знаења и
посветеност во изучувањето на македонскиот јазик и литература. Со својата љубов кон
македонскиот јазик и литература, тие уште еднаш покажаа дека трудот и истрајноста
носат врвни резултати.


Овој успех претставува гордост за нашето училиште и поттик за сите ученици да ги
развиваат своите знаења и таленти. Им честитаме на ученичките и им посакуваме уште
многу успеси и достигнувања во иднина.