Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со нашиот ученик Трајче Шатков

радоначалникот Митко Јанчев оствари средба со ученикот Трајче Шатков од Гимназија „Добри Даскалов“, професорката по географија Валентина Димитрова и директорот Зоран Милевски.
На средбата упати честитки за значајниот успех на Трајче на меѓународната Олимпијада по геонауки во Торино, каде со своето знаење и посветеност го претставуваше Кавадарци и Македонија.
Овој успех е уште една потврда за талентот, трудот и потенцијалот на младите кавадарчани.
Нека ова достигнување биде поттик за Трајче да продолжи да го следи својот пат кон нови знаења, предизвици и успеси.