Ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ присуствуваа на настанот посветен на младинското учество и формирањето на Локалниот младински совет на Општина Кавадарци, кој се одржа во Големата сала на Општина Кавадарци.
Нашите ученици имаа можност да се запознаат со улогата и значењето на Локалниот младински совет, да ги споделат своите идеи и ставови и да дознаат повеќе за начинот на кој можат активно да придонесат кон развојот на својот град.





