Ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ учествуваа на првата обука од проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, одржана во Општина Кавадарци.
Преку тимска работа и дискусија, тие предложија идеи за предизвиците со кои се соочуваат младите во нашата заедница. Обуката им даде можност да го искажат своето мислење и да ги развиваат вештините за соработка,комуникација и презентирање.




