Со особена гордост информираме дека двата ученички тима од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци – „Еду Компас“ и „Еколошка амбалажа за пијалоци“, остварија импресивен успех во полуфиналето на натпреварот „Средношколец милионер“, пласирајќи се меѓу ТОП 60 ИДЕИ од цела држава! 🚀
Својата иновативна идеја ја претставија и ја истакнаа пред Комисијата од Brainster, покажувајќи самодоверба, јасна визија и убедливо презентирање. 🎤
Со својата иновативност, креативност и посветеност, нашите ученици уште еднаш докажаа дека младите имаат потенцијал, визија и храброст да создаваат решенија за иднината. 💡🌱
Подготовката и успехот на тимовите се резултат на несебичната поддршка и менторство од професорите Жанета Делова, Костадинчо Петров и Васка Трендафилова, како и од менторите од Brainster, кои со своето знаење и искуство им дадоа сигурна насока на патот кон успехот. 🤝
Им честитаме на двата тима за постигнатото и им посакуваме уште многу нови достигнувања и победи! 🎉
Горди сме на нашите ученици кои со знаење, иновативност и тимска работа достојно го претставуваат нашето училиште! 👏🎓




