Активности за светскиот ден „Ден без автомобили”


Објавено на: 29.09.2017

На ден 22.09.2017 по повод светскиот ден „Ден без автомобили учениците од прва и втора година, во организација на професорите по спорт и спортски активности заедно со класните раководители од гимназијата Добри Даскалов”-Кавадарци оддржаа две активности. Едната беше возење на велосипеди до месноста моклиште, а другата пешачење до споменикот на 12 деца, се со цел да се подигне свеста за што помала употреба на автомобили. Велосипедската колона беше придружувана од полицијата за поголема безбедност во сообраќајот. Во едно во активноста беше вклучено и возило од првата помош од Кавадарци.
Оваа активност традиционално се одржува со години, а учениците од гимназијата секоја година го одбележуваат овој светски ден-
Ден без автомобили.

22163746 1572335596122005 1949388001 o

22117878 1572335519455346 295038633 o

 

22140475 1572335936121971 212592359 o

22117810 1572336142788617 1622224541 o

22117716 1572336049455293 1736327624 o