Викендот што помина беше богат со награди за учениците од гимназијата „Добри Даскалов“. Во саботата на 20.05.2017 год. беа одржани Државните натпревари по предметите македонски јазик и биологија и беше одржан Државниот наптревар на детски и младински хорови и оркестри.
Во Прилеп, беше одржан XXIX Државен натпревар по македонски јазик за средните училишта каде што ученичката Елена Ридова од III година под менторство на професорката Ристенка Јосифова го освои I место.
Во Скопје, на Државниот натпревар по биологија ученичката Анастасија Илоска од I година под менторство на професорката Богде Коцева го освои III место.
Во Кавадарци, на Државниот натпревар на детски и младински хорови и оркестри, училишниот оркестар под менторство на професор Драган Вељковиќ го освои I место, а хорот исто така предводен од професор Драган Вељковиќ го освои II место.