Реализирана научно-истражувачка екскурзија во прва година до Охрид


Објавено на: 01.06.2017

На 21 и 22 мај 2017 год. учениците од прва година со своите класни раководители беа на дводневна научно-истражувачка екскурзија до Охрид.

Целта на оваа екскурзија е учениците да ги прошират своите знаења и да се запознаат со знаменитостите кои се поврзани со нашата историја. На екскурзијата од вкупно 168 ученици беа 151.

Учениците посетија неколку значајни културно-историски споменици. Прва посета беше низ местото Могила – Прилеп, потоа Хераклеа – Битола, Вевчански извори, Природно научниот музеј и куќата на Миладиновци – Струга, црквите Света Софија, Канео, Плаошник, Самуиловата тврдина – Охрид.

Сето ова што го посетија учениците е поврзано со наставниот план и програма за I година по предметите – историја, македонски јазик и литература, географија, биологија.