Целта мораме да ја поставиме уште сега, за да можеме да ја реализираме!


Објавено на: 25.02.2011

Проектот  „Мојата идна професија“ и оваа година успешно продолжува да се реализира со интересни дебати за учениците, со цел за нивно понатамошно професионално ориентирање. Успешноста на дебатите се должи на гостувањето на компетентни и образовани луѓе – професионалци во својата област.

На ден 25.02.2011 година, во 18:05 часот во Кино-салата на училиштето беше организирана првата дебата на која учествуваа дипломирани економисти успешни во својата професионална кариера.

Дебатата ја отвори Директорката на училиштето Невенка Поп-Ангелова, а  благодарност до гостите изрази и претседатолот на училишната заедница Илија Исаков. Своите искуства несебично ги споделија Г-ѓа Зорица Ставрова – менаџер за набавки во „Фени Индустри“, Г-дин Илија Тренчев – Претседател на Советот на Општина Кавадарци и Г-дин Карло Змајшек – Директор на Центарот за шпедиција во „Макпетрол“ А.Д. Скопје.

DebataMaturanti25-02-2011_1

Дебатата ја започна Г-ѓа Зорица Ставрова која говореше за можностите кои ги дава Економскиот факултет, кој има широк спектар на области во кои можат да се пронајдат луѓе со различни афинитети. На учениците кои веќе одлучиле да студираат економски факултет, но се двоумат околу студиските групи, Ставрова им посочи:

„Доколку сте креативци, лесно ќе се пронајдете во маркетингот, ако сте поаналитични одберете финансии и сметководство, а ако сте подинамични одличен избор е комерцијата.“

DebataMaturanti25-02-2011_2

Г-дин Илија Тренчев изрази задоволство и пофалби за начинот на кој Директорката ги насочува матурантите кон правилниот избор на нивната идна професија. Тој ја потенцираше економијата како област која опфаќа планирање, организирање и контролирање, активности кои всушност треба да бидат дел од секојдневието на младиот човек.

DebataMaturanti25-02-2011_3

Г-дин Карло Змајшек зборувајќи за својата професија им го кажа на матурантите начинот за полесно и побрзо завршување  на студиите.

„На прво место ставете го факултетот, а на второ место се останато.“

На учениците им посочи дека во животот постојано треба да се учи. Секој кој сака да оди напред треба постојано да се надградува и усовршува, затоа што на пазарот на трудот секогаш има место за квалитетен кадар. Единствен начин да се постигне квалитет е постојано да се вложува во себе, да се планира и да се инвестира во нешто што ќе ни овозможи поквалитетен живот:

„Кога правите план за една година – посадете жито.

Ако правите план за две години – засадете дрво.

Ако правите план за 30 години – изградете куќа.

Кога правите план за цел живот – инвестирајте во знаење.“

 DebataMaturanti25-02-2011_4

Учениците внимателно го проследија излагањето на гостите и активно се вклучија со свои прашања. Целта на оваа дебата беше учениците да ја зацврстат својата одлука и да ги разрешат дилемите поврзани со студиите на Економскиот факулет, а воедно и да се поттикнат учениците за професионално усовршување.

 

Плакат тука