Дегустација на топли природни и растителни пијалаци


Објавено на: 10.02.2011

Гимназијата „Добри Даскалов“ е истакнато средно училиште коешто е организатор на голем број акции, презентации и проекти. Во сите овие проекти активно учествуваат учениците под менторство на нивните професори. Минатата седмица на 10.02.2011 год. во холот на нашето училиште се направи презентација и дегустација на растителни природни и топли напитоци, како дел од богатите содржини на Еко-проектот којшто почна да се реализира оваа година.

 

Salep1

Презентацијата им привлече внимание на сите ученици и наставници, додека желбата да се вкусат топлите напитоци беше масовна, секако затоа што се  мошне корисни за општото здравје на човекот. Идејата за акција од ваков вид произлезе од професорката по биологија Елизабета Иговска, додека организацијата беше заедничка на членовите на еко – одборот во нашето училиште. Мотивот за реализирање на презентација од ваков вид е актуелниот зимски период кој носи настинки, вируси и други болести, додека целта беше да им се сврти вниманието на учениците кон топлите и растителни пијалоци и нивното превентивно и благотворно дејство. Освен дегустацијата на вкусните топли напитоци, на паното во холот беше изготвен текст и мноштво илустрации, слики и хербаризиран материјал. Најголем интерес предизвика салепот. Вниманието беше насочено кон потекло на салепот, начинот на приготвување и послужување. Инаку салепот е растение коешто има био активни материи чие делување позитивно влијае врз организмот. Потекнува од родот на орхидеи (Orchis mascula, Orchis militaris).

Salep2

Salep3

Во XVII и XVIII век салепот се служел пред кафето и англискиот чај. Покрај салепот беа презентирани и вкусени, и други македонски растителни чаеви. Неколку ученици беа задолжени на сите заинтересирани ученици и вработени во нашето училиште, да им даваат информации и секако да ги служат со вкусот на салепот и на другите чаеви. Учениците од двете смени имаа можност да го напишат својот коментар или впечаток на табла на којашто ги пишуваа своите мислења за акцијата и нејзината успешност. Сите ученици го делеа истото мислење, дека содржини во коишто тие активно ќе учествуваат ќе учат и ќе откриваат многу нови и поучни работи, потребно е многу почесто да се организираат и да се случуваат.

Salep5

Ова им овозможи на учениците за момент да престанат да мислат на конзумирање на минералните пијалоци, да го свртат своето внимание кон топлите напитоци и да го сфатат нивното добро влијание врз организмот. Ваквата презентација беше позитивно примена од страна на учениците и добија поттик во иднина тие да бидат иницијатори на некоја ваква или слична акција. Покрај оставените позитивни коментари видлива беше позитивната атмосфера, полна со ведри и задоволни лица на учениците.

Salep4