Дебата на тема „ Формалното образование-клучен фактор за кариерен успех во животот “

На 25 декември 2019 год (среда), со почеток во 12.00 часот во киносалата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци се одржа дебата на тема „Формалното образование-клучен фактор за кариерен успех во животот“. Учениците Андреј Пејовски, Јована Ѓорѓиевска и Ѓорѓи Ташев како дел од  тимот А го бранеа ставот „НЕ“, наспроти тимот Б кој го сочинуваа учениците Борис Митрев, Димитар Милков и Димитар Манчев, а го застапуваа ставот „ДА“. Преку борба со зборови учениците имаа можност да ги изнесат своите ставови поткрепени со аргументи и да ги убедат присутните во нивното излагање. Беа изнесени примери, лични и општествени, преку кои се отвори бурна дискусија која ги наведе присутните на конструктивна дебата и внимателно дефинирање на успехот стекнат преку  формалното или неформалното образование. Публиката составена од ученици и професори преку гласање во три круга даде предност на значењето на неформалното образование  наспроти формалното во градењето на кариерниот успех на поединецот. Во улогата на водител се реализира ученичката Софија Секуловска, а дебатата  беше реализирана со поддршка и  менторство на професорките Васка Петкова и Наташа Матакова  .

Оваа активност е реализирана со цел да се мотивираат учениците да ги изнесат нивните мислења на современ и демократски начин, а е планирана со  рамките на Ресурсниот пакет како дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за детски права во Р. Македонија“ во соработка со невладината СЕГА.