Реализиран Инфо-ден на Децата правобранители и нивните заменици


Објавено на: 12.02.2020

На ден 01.12.2019 година во училишниот хол на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, новоизбраниот Дете правобранител Софија Секуловска заедно со замениците Стефан Стојанов и Дијана Ѓоргова реализираа Инфо-ден преку кој  ја промовираа нивната функција. Преку разговор и делење флаери како пропаганден материјал децата правобранители ја доближија нивната фукција до сите ученици и во сите класови. За време на големиот одмор во двете смени имаа можност да се информираат што претставува функцијата  Дете правобранител, како да ги остварат и заштитат нивните права во училиштето. Преку делењето на пропагандниот материјал учениците беа охрабрени да го пријавуваат прекршувањето на нивните права во училиштето, како од страна на вработените така и од страна  на соучениците

.