Државен натпревар по биологија


Објавено на: 01.06.2017

На 20.05.2017 година по четврти пат се одржа Државниот натпревар по биологија во просториите на Природно-Математичкиот Факултет, Институт за биологија во Скопје.
И оваа година нашите ученици учествуваа на овој натпревар и постигнаа одлични резултати.

Анастасија Иловска од I-2 клас освои Второ место, а Стефанија Николова од I-3 клас Трето место под менторство на проф. Богде Коцева. Ученичките Александра Кадрова од II-4 и Марија Трајкова од II-3 клас под менторство на проф. Елизабета Иговска добија пофалници за учество. На сите учесници и наградени ученици им честитаме и им пожелуваме успех во понатамошното школување.

Biologija

Biologija2