Отворен ден на гимназијата Добри Даскалов


Објавено на: 24.05.2017

По промоцијата во основните училишта и презентацијата за полуматурантите „Стани Гимназијалец“ која се одржа во Домот на културата во Кавадарци, нашата гимназија организираше отворен ден за учениците кои сакаат да ја посетат гимназијата, да се запознаат со планот и програмата и активностите што ги реализира училиштето заедно со учениците и професорите. Отворениот ден се одржа на 23 мај (вторник) од 10 до 12 часот во гимназијата. Присутните ученици поставуваа прашања и се информираа за тоа кои предмети се изучуваат во секоја година, по колку часа неделно се застапени, како и за тоа кои воннаставни активности се организираат и реализираат.

20170523 122230

Photo 5-23-17 1 48 01 PM

Photo 5-23-17 1 48 01 PM 1