Гимназијата „Добри Даскалов“ еден од домаќините на XXXIII Државен натпревар по информатика
Објавено на: 19.03.2022
Гимназијата „Добри Даскалов“ беше еден од домаќините на XXXIII Државен натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија, кој се одржа на 19 март 2022 год. Натпреварот се одржа на три локации и тоа: Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ и Семос Едукација Скопје.
Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.
Оваа година учениците во гимназијата покажаа огромен интерес за учество во натпреварите за програмирање. На училишниот натпревар учество земаа 22 ученици од сите години, На регионалниот натпревар според освоените поени од училишниот натпревар беа поканети да учествуваат 7 наши ученици, додека на Државниот натпревар учествуваа 118 ученици од кои од нашето училиште учествува учениците Благоја Василев II-3, Јордан Милков II-3 под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски и Мајкл Георгиевски III-2 под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова.