Гимназијата ,,Добри Даскалов,, повторно се гордее со постигнувањата на Мајкл Георгиевски


Објавено на: 19.07.2022

Мајкл Георгиевски ученик од трета година се натпреваруваше на Меѓународната олимпијада по физика (IPhO 2022) и  освои пофалница.

Мајкл продолжува со своите успешни учества на натпреварите  по физика од меѓународен карактер.

Тој е еден од ретките ученици кој ја изразува својата брилијантност преку овие натпревари.

На Меѓународната олимпијада по физика (10-17 јули, 2022, Швајцарија online) олимпијците од Македонија освоија еден бронзен медал  и три пофалници.

Еве го и тимот кој ја преставуваше Македонија:

Емилија Николовска – втора година – Математичко – информатичка гимназија, Скопје (бронзен медал).

Мајкл Георгиевски – трета година – СОУ Гимназија Добри Даскалов, Кавадарци (пофалница).

Матеј Гелев – втора година – ПСУ Јахја Кемал, Скопје (пофалница).

Горазд Блажески – втора година – СОУ Св. Климент Охридски, Охрид (пофалница).

Димитриј Анѓеловски – втора година -ПСУ Американска Гимназија, Скопје (успешно учество).

 

Да им честитаме на нашите натпреварувачи и да им посакаме и понатаму да бидат успешни !

Честитки за сите а посебно честитки и благодарност за нашата гордост Мајкл Георгиевски!