ХУМАНОСТА СПАСУВА ЖИВОТИ – КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СОУ ГИМНАЗИЈА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“ КАВАДАРЦИ

На 02.10.2026 година, во просториите на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, се одржа редовна крводарителска акција, спроведена од Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија – Скопје, а организирана од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кавадарци.

Во акцијата учествуваа ученици, наставници и вработени во нашето училиште, покажувајќи ја својата хуманост, солидарност и општествена одговорност.

❤️ Една дарувана единица крв може да значи живот за некого.

Особено нè радува што нашите ученици, со својот пример, покажуваат дека хуманоста и желбата да се помогне се вредности што се градат и негуваат уште од најмлада возраст.

Им благодариме на сите крводарители за нивната несебичност и хуманост, како и на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина за успешната реализација на акцијата.

Хуманоста започнува со нас!  Да даруваме, да помагаме, да спасуваме животи!❤️🩸