II година


Објавено на: 16.03.2020

Информатика/Информатичка техонологија за II година

Драги ученици,

да продолжиме таму каде што застанавме последниот час!!!

Во следниот период додека сме дома, можеме да го искористиме времето да научиме, доучиме и повториме од материјалот по нашиот предмет.

Сите активности досега знаете дека се поставени на системот за е-учење Moodle, дополнително тука се поставени и задачи и активности за тековниот период.

За темата Мултимедија и компјутерска графика на Moodle имаме поставено Упатство бр.2 за анимација. Дополнете ја вежбата така што ќе направете анимација со Вашето име и презиме и со слика како позадина по ваша желба. Резултатот од анимацијата според ова упатство треба да излгеда вака.

Испратете ја изработената анимација на системот Moodle во формат на .gif слика.

 

Проверувајте на Moodle и во овој дел на веб сајтот на гимназијата за следни активности по предметот.

Ви посакувам пријатна работа,

проф. м-р Зоран Милевски

 

Географија за II година

Драги ученици, сите активности и материјали по предметот географија се реализираат и се поставени на системот Moodle во курсот Географија 2019/2020

градинарски растенија

Хемија

Elektroliza

Ucenici odgovorete na prasanjata so koristenje na uvebnikot i citajci go materjalot od114do 116 strana
1.Sto e razlika pomegu elektroliza i galvanski element
2.Navedi primeri na prakticna primena na procesite na elektroliza!
3.Sostavi celija za elektroliza pri sto ce se izvrsi pocinkuvanje na zelezna ploca kako pojasnuvanje pogledni ja celijata sto e dadena vo ucebnikot str 115
Istrazete na internet za elektrohemiski procesi slikovito ima dosta dobro objasneto

Profesor Magdalena Ubavkova

Hemija vtora godina prof Magdalena Ubavkova
Korozija na metalite
1.Koi procesi se procesi na korozija (precizno definiraj gi so jazikot na hemijata)!
2.Poim za hemiska i elektrohemiska korozija
3.Moze li proces na korozija da bide nekogas od polza(citaj pomegu redovi)
4.Navedi primeri na zastita pd korozija!
Za ova nedela do ponedelnik dovolno Pozdrav

 

Hemija za 2_1,2,3,4,5, godina
Prof Magdalena Ubavkova
Materjal koi treba da se realizira od 23.03 do27.03 2020god

Povtoruvanje za Elektrohemiski procesi

1.Dali galvanskite elementi i keliite za elektrolizapo nesto se slicni (objasni)?!
2.Po sto se razlikuvaat galvanski elementi od kelii za elektroliza?
3.Bitno li e koj metal ce bide anoda ,a koj katoda za galvanskiot element da funkcionira (objasni).?!
4.Moze li da se izvrsi pocinkuvanje na zlaten prsten ,akooze sostavi ja kelijata za elektroliza(isprati crtez)i napisi gi polureakciite sto se slucuvaat na elektrodite?5.Korislejki go znaenjeto od ovaa tema moze li da zastitis metali pod zemja izlozeni na korozija i kako toa ce go storis?
Ucenici za vase dobro razgledajte gi prasanjata i odgovorete gi seto ova se primenuva sekojdnevno okolu nas

06.04.2020

Македонски јазик и литература

Почитувани ученици, поради состојбата со пандемијата со Корона вирусот, ви давам насоки што да учите во овој период преку „Учи од дома“ по предметот македонски јазик и литература за втора година – гимназиско образование.

Материјалот што треба да го учите ви е постиран и е од новата тема Просветителството во Македонија, поконкретно, треба да се научат лекциите за: Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Теодосија Синаитски, Печатарите и печатниците во Македонија и за Јордан Хаџиконстантинов-Џинот. (од 150-166 стр.) линк кон учебникот

Во лекциите имате и текстови од овие автори што треба само да се прочитаат и да се разберат содржински: за што станува збор во нив, на кој јазик и на кој дијалект се напишани. Тоа се текстовите: „Заради еден слепец што му се очи отворили от чудотворна вода Пресвјатија Богородици“, „Сказание како подобает заучити отрока азбуки“ и „Предисловие“.

Ученици, оваа тема можете да ја учите и од вашите учебници по македонски јазик и литература за втора година-реформирано гимназиско образование, од група автори (учебникот од кој учевте и до сега, од 241-263 страна).

Наредната недела ќе добиете и тест за оваа тема и ќе се тестирате (ќе  се самооценувате)  да  проверите колку сте го научиле овој материјал.

Ученици, за информации, нејасни работи и прашања поврзани со оваа тема, во секој момент, секој од вас, може да ми напише (да ме праша) на вибер на мојот мобилен телефон: 072/ 208-636. Ве замолувам да седите дома, да не излегувате, да не се собирате во групи, да се придржувате до препораките на СЗО, на Министерството за здравство и Владата.

Ве поздравува професорката по македонски јазик и литература, Ристенка Јосифова!

Музичка уметност - II година, гимназиско образование
Основи на јавно право II-7
Практична настава II година - економски техничар

Почитувани ученици. Наставните активности по предметот практична настава ќе се реализираат преку moodle

Спорт и спортски активности
Почитувани ученици,
 
    Активот по Спорт и спортски активности продолжува со совети, предлози, сугестии, но и линкови со вежби од домашни услови. Овој пат ви праќаме линк со над 200 страни на сликовито и текстуално објаснети вежби. Според вашите можности и афинитети можете да изберете дел од нив и истите да ги практикувате во домашни услови. Се надеваме дека нема да ви претставува проблем што текстуалното објаснување на вежбите е на англиски јазик.
    Во ситуација кога веќе и официјално се знае дека нема да се вратите на училиште со редовна настава, вежбањето од дома и следењето на нашите досегашни совети и препораки  може да ви влијае и на конечната оценка.  Секако, најбитно за вас е вежбањето од дома позитивно да ви влијае на вашето здравје, добро расположение, но и вашата физичка состојба. 
    Вежбите можете да ги отворите на овој линк: https://darebee.com/pdf/paperbacks/100-workouts-vol1.pdf
 
Спортски поздрав
 
Актив по Спорт и спортски активности

 

Вежби

Драги ученици,

 

    Се надавам дека сеуште сте во добро здравје и дека ги применувате нашите претходни совети и препораки за редовно вежбање од дома. Би сакале да ве известиме дека според насоките и препораките од МОН должни сме да ве оцениме за трето тримесечие. Вашата трета оценка ќе биде изведена врз основа на вашиот труд, активност, залагање и практично оценување кое е спроведено за периодот од 20 јануари – 10 март 2020 година, додека сеуште доаѓавте на редовна настава. 

    Со цел уште подобро да ви помогнеме во изборот и начинот на вежбање во домашни услови ви предлагаме неделна програма која ќе ви помогне во одржување на добра физичка состојба, но и која може да ви користи за евентуално следно оценување.

 

ден I-серија

 -Чучњеви 10-15 повторувања -(стандард)

-Стомачни-15 пов(легнати на грб со свиткани нозе во колена,истегнете ги рацети и правеме подигнување на трупот до допир на колена со прсти на раце)

-Склекови 10пов.(стандард)-за девојчоња 10пов.(со потпора на колена)

-Грбни 10-15 пов.(легнати на стомак со истегнати раце и нозе правеме подигнување истовремено)

 (одморот помеѓу повторивањата,вежбите 20 до 30сек.)

II -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

-Степ подигања(СТЕПЕР) 20пов.(10лева+10десна нога)висината на подлогата од 20 до 40см.

-Стомачни- 10-15пов.подигања на нозете(телото,рацете и глава се на подлога и изведуваме подигања на нозете до вертикално до 90’)

-Склекови 10пов. со подигнати раце,девојчиња со потпора на колена (рацете ги поставуваме на 20 до 40см. подигната подлога)

-Грбни 12-15пов.МОСТ подигнувања на трупот(од положба легнати на грб со свиткани нозе во колена,го подигнуваме слабинскиот дел од грбот-потпорна повешина раменски појас и стапала)

(одморот помеѓу повторивањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

           III -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

-Висок Џог 20пов. по 10 на секоја нога(ги подигнуваме нозете до махсимална можна висина на коленото)

-Стомачни-10-15пов. Репетитивно подигнување на трупот истовремено и со раце и нозе

-Склекови 10пов со подигнати нозе,за девојчиња 10пов.(со потпора на колена)-стандард склекови

-Грбни 15пов. подигнувања на трупот(од положба легнати на грб,рацете поставени на слабински дел од грб го подигнуваме трупот до махсимална висина).

 (одморот помеѓу повторивањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

Ученици сакаме да ви напомениме да се придржувате на временската рамка предвидена помеѓу повторувањата(вежбите) и сериите.Програмата е предвидена за наредната седмица, со напомена за 3 до 4 дневна активност во неделата пр.(Вторник,Четврток,Сабота и Понеделник).За поамбициозните ученици и учениците кои се во подобра физичка подготвеност(кондиција) препорачуваме во останатите денови или дополнително (како надоградба на оваа програма) од неделата да ја користите мобилната апликација(Plank Workout – која веке ви ја понудивме претходно)

    Дозирањата (бројот на серии, бројот на повторување на вежбата) можете да ги прилагодите според сопствените можности.со посебно внимание на временскиот одмор(придржување на препораката)

 

Спортски поздрав

 

Актив по Спорт и спортски активности

 

Драги ученици,

 

    Вашите оценки за 3 тримесечие се веќе ставени и истите можете да ги видите во e-dnevnik или да се информирате преку класните раководители. Ние како актив по Спорт и спортски активности продолжуваме да делуваме со совети и предлог програми за вежбање од дома. Така и оваа недела ви предлагаме дневен програм за вежбање кој можете да го повторите неколку дена во неделата. За било какви прашања, совети или можеби ваши предлози за вежбање од дома можете да не контактирате преку нашите меил адреси.

                                             .

I-серија

 -Чучњеви 10 повторувања -(стандард)

-Издржај  20-30sek. штица(Plank)стандард-потпорни површини прсти на нозе подлактица на раце

-Стомачни-15 пов(во седечка позиција потпрени со дланки на раце позад грб исправени во лакотен зглоб,нозе со почетна положба во вис 10см над подлога изведуваме мах. флексија со колената кон градите)

-Склекови 10пов.(стандард)-за девојчиња 10пов.(со потпора на колена)

-Грбни 10-15 пов.(легнати на стомак со истегнати раце и нозе правеме подигнување со рацете)

 (одморот помеѓу повторувањата,вежбите 20 до 30сек.)

II -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

– Чучњеви 10 повторувања-(од расчекорен став)

-Степ подигања(СТЕПЕР) 20пов.(10лева+10десна нога)висината на подлогата од 20 до 40см.

-Стомачни- 10-15пов.подигања на нозете(телото,рацете и глава се на подлога и изведуваме подигања на нозете до вертикално до 90’)

-Склекови-10пов.(со мах.одалеченост помеѓу рацете) за девојчоња 10пов.(со потпора на колена)

-Грбни 12-15пов.МОСТ подигнувања на трупот(од положба легнати на грб со свиткани нозе во колена,го подигнуваме слабинскиот дел од грбот-потпорна повешина раменски појас и стапала)

(одморот помеѓу повторувањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

           III -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

– Чучњеви 10 со 1/2 повторувања(еден и половина повторувања)-од стандард чучњеви правиме плус дополнително клекнување до половина,

-Издржај  20сек. Странични-штица(Plank)-завртени бочно (во страна телото прво повторување во лева страна,второ во десна)

-Стомачни-10-15пов. Репетитивно подигнување на трупот истовремено и со раце и нозе

– Склекови 10пов.(со минимална одалеченост помеѓу рацете-трицепс склек)

-Грбни 15пов. подигнувања на трупот(од положба легнати на грб,рацете поставени на слабински дел од грб го подигнуваме трупот до махсимална висина).

 (одморот помеѓу повторувањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

Ученици сакаме да ви напомениме да се придржувате на временската рамка предвидена помеѓу повторувањата(вежбите) и сериите.Програмата е предвидена за наредната седмица, со напомена за 3 до 4 дневна активност во неделата пр.(Вторник,Четврток,Сабота и Понеделник).За поамбициозните ученици и учениците кои се во подобра физичка подготвеност(кондиција) препорачуваме во останатите денови или дополнително (како надоградба на оваа програма) од неделата да ја користите мобилната апликација(Plank Workout – која веке ви ја понудивме претходно)

    Дозирањата (бројот на серии, бројот на повторување на вежбата) можете да ги прилагодите според сопствените можности.со посебно внимание на временскиот одмор(придрживање на препораката)

 

Спортски поздрав

 

Актив по Спорт и спортски активности

Ликовна уметност
.menu-item a { color: black !important; }