III година


Објавено на: 16.03.2020

Македонски јазик и литература

Материјал за предметот Македонски јазик и литература за III година

Драги ученици,
Да продолжиме таму каде што застанавме…
Следни книги за обработка се македонските драми:
Македонска крвава свадба-В.Чернодрински
Печалбари-А.Панов
Чорбаџи Теодос-В.Иљоски
Парите се отепувачка-Р.Крле
Знам дека многу читате книги,но понекогаш не можете да најдете поради ограничениот број,па затоа да искористиме една прилика и да ја проследиме драмата ,,Парите се отепувачка” онлајн од 20:00 часот на 20.03.2020(петок),а потоа ќе го пополнете наставното ливче кое дополнително ке ви го испратам и испратете на mail или на вибер.Во прилог ви го испраќам и соопштението од Македонскиот народен театар.

Линк кон соопштението од МНТ

Проф. Кочо Кочов

Англиски јазик

СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци – Александра Петреска – англиски јазик за трета година

Англиски јазик трета година тема 9 – Александра Петреска

Бизнис за III година

тема: технологија и бизнис, наставна единица: електронска трговија

Сите останати материјали и активности продолжуваат да се реализираат на Moodle во соодветниот курс.

Програмски јазици III година -ПМА и ПМБ подрачје

Наставна единица: Функции од математичката библиотека

Наставна единица: Вежби со функции

Наставна единица: Низи во С

Наставна единица: Задачи со низи во С

Латински јазик за III година
Математика за III година

Материјал за предметот математика за периодот од 11 до 20 март 2020 година

Линк за наставна единица: Координати на вектори во правоаголен координатен ситем (операции со вектори), Задачи за решавање, Растојание меѓу две точки, Делење на отсетчка во дадена област и Оптш вид равенка на права

 

Ученици, добар ден. Продолжуваме со материјалот по математика. За
оваа седмица ги имаме следниве наставни единици: „Равенка на
права низ две точки“, „Сегментен вид равенка на права“ и
„Експлицитен вид равенка на права“ кои се наоѓаат на стр. од 185-190
во учебникот или од датотеката што ви ја прикачувам(слика 16-20).
Откако ќе ги разработите наставните единици и ќе ги проследите
решените задачи, за домашна работа решете ги:
Од учебникот: Од прикачени слики:
 стр. 185/зад. 3 или слика 17/зад. 3
 стр. 187/зад. 7 а) и б) или слика 18/зад. 6
 стр 188/зад. 1, 2, 3, 4 или слика 19/зад. 1, 2, 3, 4
 стр. 192/зад. 1
До крајот на оваа седмица, 29.3.2020, решете ги и задачите 5-10 на
стр. 188 во учебникот(или слика 19/зад. 5-10) .

Линк кон материјали

 

Известување за учениците: Сите материјали и задачи за вежбање, како и домашна работа се поставени на Moodle.

За комуникација со проф. Соња Попова може да се користи Moodle или мејлот: sonjapopova1@gmail.com 

Линеарна алгебра и аналитичка геометрија

Линеарна алгебра и аналитичка геометрија: Задачи за решавање

Историја III година - гимназиско образование

НОВ и антифашистичката борба во Вардарскиот дел на Македонија (1943-1944)

Холокаустот

Востанието, нов и антифашистичката борба 1941-1942. (за класовите III 1 и III 2)

НОВ и антифашистичката борба во Вардарскиот дел на Македонија 1943-1944 (за класовите III 1 и III 2)

НОВ во Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија

Конституирањето на македонската држава (за класовите III 1 и III 2)

Повторување на темата Македонија во Втората светска војна

НОД и НОБ во Пиринскот и Егејскиот дел на Македонија во Втората светска војна (за класовите III 1 и III 2)

Образованието и културата во НОБ (за класовите III 1 и III 2)

Меѓународните односи во Светот по Втората светска војна (за класовите III 1 и III 2)

Воено политичките кризи и формирањето на новите држави (за класовите III 1 и III 2)

Балканските држави по Втората светска војна (за класовите III 1 и III 2)

Политичко економските промени во Светот по 60те години на XX век (за класовите III 1 и III 2)

Граѓанската војна во Грција и последиците од неа (за класовите III 1 и III 2)

Развојот и кризата на социјализмот во Балканските земји (за класовите III 1 и III 2)

Македонија од 1945-1991 година (за класовите III 1 и III 2)

Создавањето на самостојна и независна Македонија (за класовите III 1 и III 2)

Македонската православна црква Исламската заедница и другите верски заедници во Македонија (за класовите III 1 и III 2)

Образованието науката и културата (за класовите III 1 и III 2)

Положбата на Македонците во соседните земји (за класовите III 1 и III 2)

Иселеништвото во Европа и во прекуокеанските земји (за класовите III 1 и III 2)

Алгебра

Задачи за вежбање за трета писмена работа

Известување за учениците: Сите материјали и задачи за вежбање, како и домашна работа се поставени на Moodle.

 

Хемија

prof Magdalena Ubavkova
Karboksilni kiselini
1.Koja e funkcionalna grupa kaj ovie soedinenija?
2.Spored koi kriteriumi mozat da se klasificiraat ovie soedinenija?
3.Napisi gi i procitaj gi iminjata na prvite
5od homoloskata

4.nizaNavedi primeri na dobivanje na karboksilni kiselini po tvoj izbor!

5.Pdgovori gi prasanjata od 1do5 na strana161so toa ce se razjasni se

Odgovori na site prasanja ce dobiete ako go procitate materjalot vo ucebnikot za treta godinaod strana157 do161.

 

Metodska po hemija treta godina
Prof Magdalena Ubavkova

SVOJSTVA NA KARBOKSILNI KISELINI

1.Zosto karboksilnite kisrlini se najreaktivni doedinenija?

2.Koj vid na hemiski reakcii se karakteristicni za niv?

3.Od sto zavisi jacinata na monokarboksilnite aciklicni kiselin?

4Koja od slednite kiselini mravska,stearinska,etanska

ima najniska temperatura na vrienje,a koja e najrastvorliva vo voda?(objasni)!
5.Procitaj gi iminjata na slednite kiselini:CH3FCOOH,CH3ICOOH,CH3BrCOOH,i koja od niv pokazuva najgolema kiselost?

6.Napisi formuli na:Oksalna kiselina Propanskakis,Benzoevska kiselina.

Odgovorite da se pracaat na meil magiubavkova@gmail.com

 

Hemija za treta godina
Prof Magdalena Ubavkova
Metodska: Reakcii na kinenje na C-OH vrskata kaj

Karboksilnite kiselin

1.Napisete ja disocijacijata na metanska,ocetna i benzoevska kiselina!
2.Sto se acetati i napisi eden prime?
3.So kinenje na C-OH vrskata koi derivati na karboksilni kiselini se dobivaat?
5,Klasificiraj gi slednitederivati na karboksilnite kiselini i procitaj gi nivnite iminja:
CH3CH2COBr,(CH3CH2CH2CO)2O,
C3H7COOC2H5
C6H5COOH
CH3(CH2)3CONH2

Pocituvani ucenici odgovorite pisuvajte gi vo vasite tetratki(sekoj vo svojata),ce bidat pregledani od mene a koga ce ve informiram obidete se toa sto go pisuvate i da go naucite ce vi bide bitno za godisna ocenka
POZDRAV

Вежби

Деловна психологија - правен техничар
Биологија
Наставна тема : Нервен систем
Наставна единица : Синапса и ефектори
 
Почитувани ученици. Во периодот додека сме дома да продолжиме да учиме од каде што застанавме. Во учебникот, наставниот материјал се наоѓа на страниците 164, 165,166,167 и 168 страна. Прочитајте го текстот и табелите, внимателно погледајте ги сликите и целосно изгледајте го видеото од кое ќе добиете многу информации. Се надевам дека ќе ви се допадне. Ве поздравувам и да продолжиме да учиме. Ако нешто не ви е јасно контактирајте ме на меил и вибер.

 
Наставна тема : Регулаторен систем
Наставна единица : Ендокрин систем и хормони, хормони на хипофиза
 
Почитувани ученици. Во периодот додека сме дома да продолжиме да учиме од каде што застанавме. Во учебникот, наставниот материјал се наоѓа на страниците 175, 176, 177, 178 и 179. Внимателно прочитајте го текстот од лекцијата, обидете се сами да ги подвлечете најбитните точки од материјата , а сликите и табелите внимателно разгледајте ги. Објаснувањето подвлечено со жолто, прочитајте го повеќе пати. Регулацијата се остварува со активноста на ендокриниот систем, со помош на нервниот и циркулаторниот систем. Ендокрините жлезди ги лачат секретите директно во крвта како специфични продукти – хормони. Хормоните се транспортираат преку крвта до сите делови на телото т.е. до целните клетки и ткива. За специфичните рецептори се врзуваат хормоните кои имаат општо или специфично делување врз нив. Значењето на хипофизата за човекот е огромна,  добро погледајте ги сликите, за да ги научите деловите на истата. Научете го текстот од наставната единица, ќе следат вежби и прашања од мене.
 
Оние кои имаат одбрано биологија како проектна активност да ми ги испратат на меил igovskabeti@yahoo.com за да можам да ги проверам.
 
 
 
Наставна тема : Регулаторен систем
Наставна единица : Панкреас
 
Текстот за оваа лекција се наоѓа на страна 185 и 186, а преку презентација ќе ги видите најбитните карактеристики, градба, функција и болести на панкреасот. И вие сами можете да истражувате на Википедија и интернет за наставната единица.
 
Наставна тема : Регулаторен систем
Наставна единица : Повторување – вежби
 
Нешто повеќе за  другите жлезди од ендокриниот систем ќе најдете на страница 187. Прочитајте го текстот за паротидни жлезди, градна жлезда и пинеална жлезда – епифиза. На страна 188(кратка содржина на темата) прочитајте го текстот кој ќе го повторуваме на онлајн наставата. Во тетратките  напишете ги прашањата од квизот. За повеќе податоци за регулаторен систем истражувајте на интернет.
 
 
Наставна тема :Репродукција кај човекот
 
Репродукцијата кај човекот опфаќа процес на формирање на полови клетки и оплодување. При формирање на половите клетки се формираат хаплоидни машки сперматозоиди и женски јајце клетки гамети. Оваа лекција се наоѓа на страна 193,194 и 195. Во табеларниот приказ 7.1 а) и б) се убаво представени внатрешните и надворешните репродуктивни органи, машки и женски. Обрнете внимание и научете ги деловите и функциите како што се представени. Половите хормони се одговорни за појава на примарните и секундарните полови карактеристики кај машките и женските единки, што е прикажано на табела 7.2. која треба да се научи.
 
Во прилог ви доставувам и дополнителен текст и слики на вибер.
 
Наставна тема: Репродукција кај човекот
 
Наставната единица се наоѓа на страна 196 и 197 во која се објаснува градбата и функцијата на парните машки полови жлезди, семеници(testes). Продукцијата на половите клетки е егзокрина, додека лачењето на хормоните е еднокрина функција на тестисите. Во семениците се создаваат сперматозоидите со процесот сперматогенеза во семените каналчиња. Тие се изнесуваат од семените каналчиња преку надсеменикот и семеводот, а потоа преку мочниот канал. Лајдиговите клетки создаваат машки полови хормони. Лачењето на тестостеронот, т.е. машкиот полов хормон започнува во текот на феталниот и ембрионалниот период, а интензивно се зголемува со пубертетот. Неговото излачување е под контрола на хипофизата преку гонадотропните хормони(FSH) и LH. Внимателно прочитајте го текстот и истражувајте на интернет за машките полови жлезди. Дополнително ќе ви испратам слики од материјалот на Вибер.
 
Наставна тема : Репродукција на човекот
 
Оваа наставн единица се наоѓа на страна 197, 198, 199, 200 и 201. Во неа се објаснуваат основните својства на јајчниците како женски полови жлезди и улогата за создавање и созревање на половите клетки и лачењето на половите хормони. Особено обрнет внимание на оваријалниот месечен циклус со фоликуларна фаза и лутеинска фаза. Сликата 7.5 а, го објаснува процесот на промени на месечниот циклус во три фази кои што внимателно разгледајте го и проучете го.
 
За оваа лекција истражувајте на Википедија каде има обемен материјал и слики преку кои се објаснува материјата. Дополнително ви испраќам слики на Вибер со пресек на женските полови жлезди.
 
Наставна тема : Репродукција на човекот
Наставна единица : Повторување
 
За оваа наставна единица треба да одговорите на следните прашања :
 
1) Што настанува во фазата на пролиферација кај женските полови органи?
2) Што се случува во лутеинската фаза со активноста на жолтото тело?
3) Што настанува од примордијалните фоликули?
4) Каде учествува FSH кај машките жлезди?
5) Која е улогата на LH кај машките полови жлезди?
 
Наставна тема : Репродукција кај човекот
 
Оваа лекција се наоѓа на страна 201 и 202. Во неа се објаснува ендокрината улога на јајчниците и активноста на жолтото тело и графовите фоликули. Внимателно проследете ја сликата 7.6. за улогата на хипофизата во ендокрината активност на овариумите и научете ја. Ви праќам дополнителен текст.
 
Наставна тема : Репродукција кај човекот
Наставна единица : Гаметогенеза и мејоза
 
Оваа лекција се наоѓа од 203 до 208 страна. Во процесот на гаметогенеза се создаваат и созревааат машките и женските полови клетки. Функцијата подобро ќе ја проследиме преку меотичка делба. Во текстот имате повеќе слики и табели кои што треба да ги научите. Во прилог ви доставувам и дополнителен текс, погледнете ја и страницата на Википедија.
 
Наставна тема : Репродукција кај човекот
Наставна единица : Сперматогенеза и оогенеза
 

Оваа лекција се наоѓа на страна 208 и 209 и преку текст и слика се објаснети фазите на созревање на машките и женските полови клетки. Нацртајте ги сликите во вашите тетратки и правилно обележете ги деловите. Истите пратете ги на меил. Обрнете внимание на текстот од слика 7.1.1 и слика 7.12. Дополнително истражувајте на интернет

 
Наставна тема : Репродукција на човекот
Наставна единица : Планирање на семејството
 

Оваа лекција се наоѓа на 210, 211 и 212 страна во учебникот. Во неа се објаснува за  различните начини на заштита од несакана бременост. Ризикот од непланирана бременост е голем и носи низа на лични(социјални) и медицински проблеми. Насилниот метод на прекинување(абортус) е сеуште чест и најризичен начин на спречување на несаканата и непланирана бременост. Преку планирањето на семејството се образуваат младите преку различни методи и средства за остварување на заштита.Начини за заштита од бременост се : заштита без користење на заштитни средства, механичка заштита, хемиска заштита, биолошко-хормонска заштита и вештачки стерилитет. Прочитајте го текстот и истражувајте на интернет.

Наставна тема : Репродукција кај човекот
 
Ученици, оваа наставна единица се наоѓа на страна 212 и 213. Нејзината содржина треба целосно да се изучат бидејќи укажуваат на болести врз човекот со поголеми последици и затоа обрнете повеќе внимание. Здравјето на секој човек е неговата иднина и затоа треба да се чува од полови инфекции и заболувања кај помладата популација. Со првите симптоми треба веднаш да се бара лекарска помош. Истражувајте за инфекциите од хламидија која што е многу често застапена во поново време, СИДА, гонореја и слично. Побарајте на интернет повеќе содржини и болести и опишете една од полово преносливите болести и пратете ја на меил.
 
Одговорете ги прашањата на 216 страна, број 6, 7, 9, 10, 11 и 15. Дополнителни содржини ќе ви испратам на Вибер.
 
Наставна тема : Репродукција кај човекот
Наставна единица : Повторување
 
На страна 214 направете ја вежбата за родословното стебло на семејството според моделот во учебникот. Така ќе добиете нови информации. Повторете го текстот на 215 страна за кој што усно ќе ве испрашувам на платформата ZOOM. Потсетувам да се одговорат прашањата дадени во предходната лекција.
 
Наставна тема : Хумана генетика
Наставна единица : Хромозоми кај човекот
 
Во предходната година ги изучивме структурните карактеристики на хромозомите кај човекот, нивниот број, кариотип и кариограм. Оваа лекција се наоѓа на страна 219, 202, 221 и 222. Да се потсетиме повторно преку сликите и графиконите за 23 пара на хромозоми кај човекот кој се основни за градбата на нашиот организам. Погледнете ги убаво сликите и потсетете се за наследувањето на полот. Истражувајте на интернет.
 
Наставна тема : Хумана генетика
Наставна единица : Наследување на крвни групи и полот
 
Лекцијата се наоѓа на страна 222, 223, 224, 225. Во неа се објаснува наследувањето и носителите на одредени крвни групи во крвта на човекот. Преку текстот и табелите анализирајте ги овие содржини. Внимателно прочитајте за трансфузија и Rh систем на крвта. Во табелата 8.4 е објаснето за крвните групи кои објаснуваат за крвната група, антигени и антитела и можност за трансфузија. Овде се објаснува и за доминантноста на Rh-плус факторот и неговото значење кај човекот. Потсетете се на хромозомот  Х и Y кој се основата за половите кај човекот. Истражувајте на интернет.
 
Наставна тема : Хумана генетика
Наставна едиица : мутации кај човекот – нумерички, структурни и генски
 
Лекцијата се наоѓа на страна 225,226,227, 228, 229 и 230.  Во не се зборува за промените на бројот на хромозомите – нумерички мутации, како еуплоидија со промени на цело хромозомски гарнитури или анеуплоидија со промена на одделни хромозомски гарнитури. Мутациите кои се создаваат во структурите на хромозомите се познати како аберации. А генските мутации се промени во структурата на гените. Погледнете ја табела 8.4 – хромозомски мутации, повторете ги термините и научете ја табелата. Синдроми со хетероплоидија, на половите хромозоми се ; Тарнеров Синдром и Клине-Фелтеров Синдром. Внимателно научете го овој дел од текстот во книгата. Синдроми поврзани со хетероплоидија на автозомните хромозоми се Даунов, Едвардсов и Патау Синдром. За овие синдроми погледнете внимателно на слика 8.9 б. Генетската мутација со рецесивно наследување на автозомните хромозоми е српестата анемија(дефектен хемоглобин со српеста форма, слика 8.10). Болести од наследување на генска мутација на половите хромозоми се хемофилија и далтонизам.
 
Одговорете на прашањата – која е разликата кај половите хромозоми кај машка и женска единка? Какви се промените кај болеста Хемофилија? Каква болест е Далтонизам? Објасни го Тарнеровиот Синдром?
 
Наставна тема : Хумана генетика
Наставна единица : генетски инженеринг
 
Манипулацијата со гените има за цел корекција на дефектни гени или подобрување и менување на особините за потребите на човекот. Рекомбинирање на ДНА или клонирање на гени, е процес на пренесување на фрагменти од еден во друг организам, На страна 231 погледнете го делот кој опишува за плазмидите(обоен со жолта боја) и сликата 8,12 на страна 232. Тука се објаснува за репродуктивно клонирање со технологија што допринесува за добивање единки со иста ДНА, Пример : Овцата Доли(страна 233).
 
Преку клонирање на гени добиени се значајни хормони за човекот како инсулин, интерферон, соматостатин и други.Со клонирање на ДНА може да се изменат или корегираат одделни гени. Денес се вршат многубројни истражувања со клонирања на ембриони, за да се добиваат ткива и органи за трансплантација. Лекцијата завршува на 234 страна. Одговорете го прашањето – во кој организми се одвива клонирање на рекомбинативната ДНА? Што подразбирате под клонирање на ембрион?
 
 
Ученици, во следниот периот ќе ги повторуваме темите репродукција кај човекот и хумана генетика, преку Zoom апликацијата и ќе ги утврдиме отсенките. Додатен час ќе закажиме доколку сакате да ги поправите отсенките.
Основи на приватно право(Редовен) за трета година правен техничар

Насоки

Заедничка сопственост

Стекнување,заштита и престанок на правото на сопственост

Тужба на претпоставениот сопственик

Поим на владение, субјекти на владение

Објекти на владение и содржина на владение

Престанок на правото на сопственост

Тужба поради вознемирување на правото на сопственост

Видови Владение (според просторот, потеклото, владение на ствар, владение на право)

Индивидуално владение, совладение и заедничко владение, законско-незаконско, вистинско и невистинско, совесно и несовесно, наследничко владение

Прибавување на владението, заштита на владението

Тужба заради попречување или одземање на владението

Тужба за заштита на совладението и на заедничкото владение

Тужба за заштита на владението на наследниците

Престанок на владението

Право на службеност

Видови на службеност, стварна службеност

Лична службеност

Право на залог

Поим на интелектуална сопственост

Поим и видови права од индустриска сопственост

Видови права од индустриска сопственост

Ноу-хау

Патент

Индустриски дизајн

Авторско право

Автор и авторско дело

Носители на авторското право

Содржина на авторските права

Заштита на авторските права

Тужба за утврдување на постоењето на авторското право

Тужба поради вознемирување на авторското право

Тужба за надоместување на штета

Казнено-правна заштита на авторските права

Канцелариско работење за трета година правен техничар

Насоки

Изборен систем

Изборна постапка и техника на изборите

Избирачки список

Право на залог

 
 
 
 
 
Географија

Почитувани ученици. Сите задачи, што ќе ги изработете, испратете ги на следнава адреса kuzmanovadance@yahoo.com

01. Географски фактори за развој на туризмот

02. Видови туристички места

Туристичко географски региони

04. Туризмот во РС Македонија

Деловно работење

Драги ученици, сите активности и материјали по предметот Деловно работење се реализираат и се поставени на системот Moodle

Финансирање со долгорочни акции и обврзници

Обврзниците како хартии од вредност

Еврообврзница

Македонски јазик и литература-трета година средно стручно образование

Почитувани ученици,

Верувам дека сте со добро здравје и ги почитувате препораките да останете дома.

Да продолжиме со учење таму кај што застанавме.

Кочо Рацин – животот и творештвото

Коле Неделковски – животот и творештвото

Македонската литература во народноослободителната војна

ЗАДАЧА:Напишете текст на тема:„Кочо Рацин-поет на маката и болката“.Текстот треба да содржи 350-400 збора. Иапратете го на мојот меил

Kostadinprokopov@gmail.com  до 10.04 2020 година.

Во прилог материјалот за посочените автори.

 

За консултации и нејаснотии во врска со темата обратетесе исто така на меил адресата.

Поздрав.

Проф.Костадин Прокопов

Линк кон материјали

Нови материјали по предметот македонски јазик и литература

ТЕМА:Повоена македонска литература

Основи на јавно право (редовен)

Заблуда

Соучество на повеќе лица во извршувањето на едно кривично дело

Степени или облици на вина

Санкции, поим, видови, цел суштина и начела

Изречување на казна во случаи на стек на, парапенални санкции

Мерки за безбедност, санкционирање на малолетници, казни за правни лица, застареност на гонење

Значење на кривично-процесно право

Специфични начела на казнените постапки,обвинително и истражно начело, карактеристики на современата акузаторна постапка

Начело на службено и начело на приватно покренување на постапката (официјалност)

Начело на лeгалитет и начело на опортунитет

Субјекти на кривичната постапка (Судот и обвинетиот во кривичната постапка)

Овластен тужител во кривичната постапка (јавен обвинител, приватен тужител, оштетен, МВР)

Процесни дејствија (поим, редослед и рокови на преземање на процесните дејствија)

Враќање во поранешната состојба

Доказна основа во докажувањето

Доказни средства, увид и реконструкција на настанот

Вештачење и сведочење,заштита на сведоците, распит на обвинетиот, заклетва во кривичната постапка

Тек на кривичната постапка,претходна постапка, планирање на предкривичната и кривичната постапка

Шема на план на оперативна дејност и истрага

Кривична пријава (форма и содржина)

Kривична пријава – пример

Истрага

Обвинувањето како една од фазите

Главна расправа односно главен претрес

Донесување на одлуки во кривичната постапка

Правни лекови во кривичната постапка(жалба против првостепена пресуда, жалба против второстепена пресуда, жалба против решение)

Вонредни правни лекови

Спорт и спортски активности

Совети за вежбање од дома

Драги ученици,

    Се надавам дека сеуште сте во добро здравје и дека ги применувате нашите претходни совети и препораки за редовно вежбање од дома. Би сакале да ве известиме дека според насоките и препораките од МОН должни сме да ве оцениме за трето тримесечие. Вашата трета оценка ќе биде изведена врз основа на вашиот труд, активност, залагање и практично оценување кое е спроведено за периодот од 20 јануари – 10 март 2020 година, додека сеуште доаѓавте на редовна настава. 

    Со цел уште подобро да ви помогнеме во изборот и начинот на вежбање во домашни услови ви предлагаме неделна програма која ќе ви помогне во одржување на добра физичка состојба, но и која може да ви користи за евентуално следно оценување.

 

ден I-серија

 -Чучњеви 10-15 повторувања -(стандард)

-Стомачни-15 пов(легнати на грб со свиткани нозе во колена,истегнете ги рацети и правеме подигнување на трупот до допир на колена со прсти на раце)

-Склекови 10пов.(стандард)-за девојчоња 10пов.(со потпора на колена)

-Грбни 10-15 пов.(легнати на стомак со истегнати раце и нозе правеме подигнување истовремено)

 (одморот помеѓу повторивањата,вежбите 20 до 30сек.)

II -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

-Степ подигања(СТЕПЕР) 20пов.(10лева+10десна нога)висината на подлогата од 20 до 40см.

-Стомачни- 10-15пов.подигања на нозете(телото,рацете и глава се на подлога и изведуваме подигања на нозете до вертикално до 90’)

-Склекови 10пов. со подигнати раце,девојчиња со потпора на колена (рацете ги поставуваме на 20 до 40см. подигната подлога)

-Грбни 12-15пов.МОСТ подигнувања на трупот(од положба легнати на грб со свиткани нозе во колена,го подигнуваме слабинскиот дел од грбот-потпорна повешина раменски појас и стапала)

(одморот помеѓу повторивањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

           III -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

-Висок Џог 20пов. по 10 на секоја нога(ги подигнуваме нозете до махсимална можна висина на коленото)

-Стомачни-10-15пов. Репетитивно подигнување на трупот истовремено и со раце и нозе

-Склекови 10пов со подигнати нозе,за девојчиња 10пов.(со потпора на колена)-стандард склекови

-Грбни 15пов. подигнувања на трупот(од положба легнати на грб,рацете поставени на слабински дел од грб го подигнуваме трупот до махсимална висина).

 (одморот помеѓу повторивањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

Ученици сакаме да ви напомениме да се придржувате на временската рамка предвидена помеѓу повторувањата(вежбите) и сериите.Програмата е предвидена за наредната седмица, со напомена за 3 до 4 дневна активност во неделата пр.(Вторник,Четврток,Сабота и Понеделник).За поамбициозните ученици и учениците кои се во подобра физичка подготвеност(кондиција) препорачуваме во останатите денови или дополнително (како надоградба на оваа програма) од неделата да ја користите мобилната апликација(Plank Workout – која веке ви ја понудивме претходно)

    Дозирањата (бројот на серии, бројот на повторување на вежбата) можете да ги прилагодите според сопствените можности.со посебно внимание на временскиот одмор(придржување на препораката)

 Спортски поздрав

 Актив по Спорт и спортски активности

 

Драги ученици,

 

    Вашите оценки за 3 тримесечие се веќе ставени и истите можете да ги видите во e-dnevnik или да се информирате преку класните раководители. Ние како актив по Спорт и спортски активности продолжуваме да делуваме со совети и предлог програми за вежбање од дома. Така и оваа недела ви предлагаме дневен програм за вежбање кој можете да го повторите неколку дена во неделата. За било какви прашања, совети или можеби ваши предлози за вежбање од дома можете да не контактирате преку нашите меил адреси.

                                             .

I-серија

 -Чучњеви 10 повторувања -(стандард)

-Издржај  20-30sek. штица(Plank)стандард-потпорни површини прсти на нозе подлактица на раце

-Стомачни-15 пов(во седечка позиција потпрени со дланки на раце позад грб исправени во лакотен зглоб,нозе со почетна положба во вис 10см над подлога изведуваме мах. флексија со колената кон градите)

-Склекови 10пов.(стандард)-за девојчиња 10пов.(со потпора на колена)

-Грбни 10-15 пов.(легнати на стомак со истегнати раце и нозе правеме подигнување со рацете)

 (одморот помеѓу повторувањата,вежбите 20 до 30сек.)

II -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

– Чучњеви 10 повторувања-(од расчекорен став)

-Степ подигања(СТЕПЕР) 20пов.(10лева+10десна нога)висината на подлогата од 20 до 40см.

-Стомачни- 10-15пов.подигања на нозете(телото,рацете и глава се на подлога и изведуваме подигања на нозете до вертикално до 90’)

-Склекови-10пов.(со мах.одалеченост помеѓу рацете) за девојчоња 10пов.(со потпора на колена)

-Грбни 12-15пов.МОСТ подигнувања на трупот(од положба легнати на грб со свиткани нозе во колена,го подигнуваме слабинскиот дел од грбот-потпорна повешина раменски појас и стапала)

(одморот помеѓу повторувањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

           III -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

– Чучњеви 10 со 1/2 повторувања(еден и половина повторувања)-од стандард чучњеви правиме плус дополнително клекнување до половина,

-Издржај  20сек. Странични-штица(Plank)-завртени бочно (во страна телото прво повторување во лева страна,второ во десна)

-Стомачни-10-15пов. Репетитивно подигнување на трупот истовремено и со раце и нозе

– Склекови 10пов.(со минимална одалеченост помеѓу рацете-трицепс склек)

-Грбни 15пов. подигнувања на трупот(од положба легнати на грб,рацете поставени на слабински дел од грб го подигнуваме трупот до махсимална висина).

 (одморот помеѓу повторувањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

Ученици сакаме да ви напомениме да се придржувате на временската рамка предвидена помеѓу повторувањата(вежбите) и сериите.Програмата е предвидена за наредната седмица, со напомена за 3 до 4 дневна активност во неделата пр.(Вторник,Четврток,Сабота и Понеделник).За поамбициозните ученици и учениците кои се во подобра физичка подготвеност(кондиција) препорачуваме во останатите денови или дополнително (како надоградба на оваа програма) од неделата да ја користите мобилната апликација(Plank Workout – која веке ви ја понудивме претходно)

    Дозирањата (бројот на серии, бројот на повторување на вежбата) можете да ги прилагодите според сопствените можности.со посебно внимание на временскиот одмор(придрживање на препораката)

 

Спортски поздрав

 

Актив по Спорт и спортски активности

 

Почитувани ученици,
 
    Активот по Спорт и спортски активности продолжува со совети, предлози, сугестии, но и линкови со вежби од домашни услови. Овој пат ви праќаме линк со над 200 страни на сликовито и текстуално објаснети вежби. Според вашите можности и афинитети можете да изберете дел од нив и истите да ги практикувате во домашни услови. Се надеваме дека нема да ви претставува проблем што текстуалното објаснување на вежбите е на англиски јазик.
    Во ситуација кога веќе и официјално се знае дека нема да се вратите на училиште со редовна настава, вежбањето од дома и следењето на нашите досегашни совети и препораки  може да ви влијае и на конечната оценка.  Секако, најбитно за вас е вежбањето од дома позитивно да ви влијае на вашето здравје, добро расположение, но и вашата физичка состојба.
    Вежбите можете да ги отворите на овој линк: https://darebee.com/pdf/paperbacks/100-workouts-vol1.pdf
 
Спортски поздрав
 
Актив по Спорт и спортски активности
 
Почитувани ученици,
 
Во е – дневникот се ставени вашите четврти оценки. Проверете си ги и доколку има некои од вас кои сакаат да ја поправат оценката потребно е да напишат проектна задача за некој спортист или спортски клуб по сопствен избор. Исто така потребно е да ги знаете основните кошаркарски правила (можете да ги најдете на интернет) и за нив да одговарате усно на zoom.us. Изработената проектна испратете ја на мојот меил, додека за усното одгаварање дополнително ќе се договориме кога ќе го спроведиме.
 
Спортски поздрав
проф. Блашко Клинчаров
Математика за економисти

Известување за учениците: Сите материјали и задачи за вежбање, како и домашна работа се поставени на Moodle.