Маѓународен фестивал на таленти – Бугарија


Објавено на: 30.11.2010

Во Банско, Бугарија, од 19. до 21. ноември се одржа  III Меѓународен фестивал на таленти „Утринска ѕвезда“. Гимназијата „Добри Даскалов“ учествуваше на овој фестивал со изведба на драмата „Техно ѕвезда“, од познатиот македонски драмски писател Томислав Османли и го освои одличното трето место.

Ментор на учениците коишто учествуваа во овој проект е професорката по македонски јазик и литература Катица Манева, додека во претставаа земаа учество: Бобан Илиевски, Тијана Дукова, Митко Ристов, Маја Трпчевска, Дончо Павлов, Александар Стојановиќ, Илија Боцев, Драган Клинчаров, Ленче Атанасова, Надица Цуцулова, Бојана Златева, Ивана Поповска, Сашко Стамаџиев, Панчо Мелов, Васко Ангелов, Дарја Трикиќ, Иван Јанев, Емилија Мантева, Елена Ѓорѓиева, Надица Темелкова, Игор Лазаров и Марина Ѓорѓиева.

Bugarija_Bansko

Со оглед на тоа што на повеќето од учениците ова им е прво излегување на сцена, постигнатиот резултат предизвикува огромно задоволство. Пресреќни од чувството што учествувале на еден ваков фестивал, нашите ученици сепак силно верувале во овој успех  и покрај тоа што на натпреварот имале достојна конкуренција на театри од повеќе земји.

Bugarija_Bansko4

Bugarija_Bansko5

Презадоволни од изведбата на претставата, учениците не можат да ги заборават чувставата што ги имале дури стоеле на сцена  и ја создавале магијата на теарарот, со секое движење, со секоја искажана реплика. Сè се одвивало ва најдобар ред, без грешка, со една комплетна уиграност на тимот на сцената, и тимот задолжен за техничкиот дел. Бобан Илиевски и Тијана Дукова во секој случај ги издвоија како посебно успешни, затоа што покажале брилијантна глума и им вдахнале душа и срце на  ликовите на Страхил и Дивна, заедно со Митко Ристов во улога на Гордан. И останатите учесници како вистински професионалци си ја завршиле задачата, со тоа што навистина направиле вистинско ремек-дело на театарските штици.

Bugarija_Bansko3

Bugarija_Bansko6

Официјалната информација дека го освоиле третото место не е изненадување, туку е она што го очекувале, бидејќи го освоиле заслужено. Тие веруваат дека големината на ова искуство и убавините на  Банско доволно долго ќе ги носат со себе и ќе им бидат силен мотив за нови успеси и победи.