Инфо ден – Дете правобранител

Новоизбраниот Дете правобранител Сандра Кадиова заедно со замениците Александра Србиноска и Лилјана Лазова, под менторство на проф. Наташа Матакова на 19.03.2024 година реализираа Инфо ден преку кој  ја промовираа нивната функција. Преку разговор и делење флаери како пропаганден материјал децата правобранители ја доближија нивната фукција до сите ученици и во сите класови. Учениците имаа можност да се информираат што претставува функцијата  Дете правобранител, како да ги остварат и заштитат нивните права во училиштето. Преку делењето на пропагандниот материјал учениците беа охрабрени да го пријавуваат прекршувањето на нивните права во училиштето, како од страна на вработените така и од страна  на соучениците.