IV година


Објавено на: 16.03.2020

Програмски јазици за IV година - ПМА подрачје

Драги ученици,

да продолжиме таму каде што застанавме последниот час!!!

Во следниот период додека сме дома, можеме да го искористиме времето да научиме, доучиме и повториме од материјалот по нашиот предмет.

Сите активности досега знаете дека се поставени на системот за е-учење Moodle, дополнително тука се поставени и задачи и активности за тековниот период.

За темата Датотеки во C++ на Moodle веќе има поставено задачи за вежбање. Обидете се во програмскиот јазик C++, односно во работната околина CodeBlocks да ги решите истите. Помош при решавање на задачите можете да искористите од веќе претходно решените задачи кои што ви се поставени на курсот по Програмски јазици на Moodle.

Испратете го вашето решение на барем една од задачите за вежбање на системот Moodle.

 

Проверувајте на Moodle и во овој дел на веб сајтот на гимназијата за следни активности по предметот.

Ви посакувам пријатна работа,

проф. м-р Зоран Милевски

 

Закажан е онлајн час на Zoom за утре (27.03.2020 год.) во 17:00 часот.

Сите потребни информации и насоки се поставени на Moodle.

 

Психологија за IV година
Македонски јазик и литература за IV година гимназиско образование
Драги ученици,
се надевам дека сте со добро здравје и спремни за учење бидејќи
преку електронско учење продолжуваме понатаму со реализација на методските единици за четврта година.
Во наредните неколку часа ке ја работиме темата: Македонска поезија
Поетите и поетските творби кои треба да ги анализираме се воедно и во програмата за државна матура.Затоа, ќе Ве молам  да обрнете внимание на овие автори.
 
 
Проф. Гордана Еленова
 
 

 

 

Ученици,ја поминавме темата Лирика и ги анализиравме нашите најпознати поети од повоената генерација.
Сега имате здача да одговорите на прашањата на крајот од темата,да напрвите самооценување и да го проверете вашето знаење.
НАПОМЕНА; Овие автори се во програмата за државна матура затоа,Ве молам,истите да ги прочитате од прирачникот за матура

Поздрав,СедиДома и минувајте го
редовно зададениот материјал

Линк

Линк2

Математика

Поздрав , до вас ученици од четврта  година.

Со цел да се потсетиме на изученото од последната тема за која беше закажан и тематскиот тест решете ги следниве задачи.

Линк кон документот.

Линк за втор дел задачи.

Линк кон четврти дел 

matematika 3

Англиски јазик

Доколку имате прашања или решите некои од задачите, испратете ми на  email да ги проверам.

Materijali za maturanti

Materijal za IV

Материјали 22.04.2020

Биологија за IV година
Драги ученици,
Погледнете ја презентацијата за  регулација на репродуктивниот систем кај човекот. На крајот од презентацијата имате прашања, одговорите пратете ми ги на меил,messinger или viber. Како што се договоривме вчера на часот кој го одржавме на ZOOM се што имате да прашате за ендокрина регулација и репродуктивен систем ќе подискутираме следниот час.
 
Останете ми во добро здравје!
 
проф. Богде Коцева

Линк кон презентација

Презентација 2

Термин за проектна

Одбрана на проектна

Еволуција

Еволуција 2

Екологија

Бизнис и претприемништво

Драги ученици, сите активности и материјали по предметот Бизнис и претприемништво се реализираат и се поставени на системот Moodle

Поими од областа на претприемништвото

Основи на приватно право IV-7
Основи на јавно право (изборен) IV-7
Маркетинг

 

Почитувани ученици – економисти. Ова е последната тема по предметот Маркетинг и се однесува на промоцијата како дел од маркетингот миксот. Ќе добиете презентации и разни други активности со цел полесно совладување на темата. Многу успех.

01. Промоција

02. ЕП

Бизнис за IV година, економски и правен техничар
Спорт и спортски активности
Почитувани ученици,
 
    Активот по Спорт и спортски активности продолжува со совети, предлози, сугестии, но и линкови со вежби од домашни услови. Овој пат ви праќаме линк со над 200 страни на сликовито и текстуално објаснети вежби. Според вашите можности и афинитети можете да изберете дел од нив и истите да ги практикувате во домашни услови. Се надеваме дека нема да ви претставува проблем што текстуалното објаснување на вежбите е на англиски јазик.
    Во ситуација кога веќе и официјално се знае дека нема да се вратите на училиште со редовна настава, вежбањето од дома и следењето на нашите досегашни совети и препораки  може да ви влијае и на конечната оценка.  Секако, најбитно за вас е вежбањето од дома позитивно да ви влијае на вашето здравје, добро расположение, но и вашата физичка состојба. 
    Вежбите можете да ги отворите на овој линк: https://darebee.com/pdf/paperbacks/100-workouts-vol1.pdf
 
Спортски поздрав
 
Актив по Спорт и спортски активности

Вежби

Драги ученици,

 

    Се надавам дека сеуште сте во добро здравје и дека ги применувате нашите претходни совети и препораки за редовно вежбање од дома. Би сакале да ве известиме дека според насоките и препораките од МОН должни сме да ве оцениме за трето тримесечие. Вашата трета оценка ќе биде изведена врз основа на вашиот труд, активност, залагање и практично оценување кое е спроведено за периодот од 20 јануари – 10 март 2020 година, додека сеуште доаѓавте на редовна настава. 

    Со цел уште подобро да ви помогнеме во изборот и начинот на вежбање во домашни услови ви предлагаме неделна програма која ќе ви помогне во одржување на добра физичка состојба, но и која може да ви користи за евентуално следно оценување.

 

ден I-серија

 -Чучњеви 10-15 повторувања -(стандард)

-Стомачни-15 пов(легнати на грб со свиткани нозе во колена,истегнете ги рацети и правеме подигнување на трупот до допир на колена со прсти на раце)

-Склекови 10пов.(стандард)-за девојчоња 10пов.(со потпора на колена)

-Грбни 10-15 пов.(легнати на стомак со истегнати раце и нозе правеме подигнување истовремено)

 (одморот помеѓу повторивањата,вежбите 20 до 30сек.)

II -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

-Степ подигања(СТЕПЕР) 20пов.(10лева+10десна нога)висината на подлогата од 20 до 40см.

-Стомачни- 10-15пов.подигања на нозете(телото,рацете и глава се на подлога и изведуваме подигања на нозете до вертикално до 90’)

-Склекови 10пов. со подигнати раце,девојчиња со потпора на колена (рацете ги поставуваме на 20 до 40см. подигната подлога)

-Грбни 12-15пов.МОСТ подигнувања на трупот(од положба легнати на грб со свиткани нозе во колена,го подигнуваме слабинскиот дел од грбот-потпорна повешина раменски појас и стапала)

(одморот помеѓу повторивањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

           III -серија(одморот помеѓу сериите 90 до 120сек.)

-Висок Џог 20пов. по 10 на секоја нога(ги подигнуваме нозете до махсимална можна висина на коленото)

-Стомачни-10-15пов. Репетитивно подигнување на трупот истовремено и со раце и нозе

-Склекови 10пов со подигнати нозе,за девојчиња 10пов.(со потпора на колена)-стандард склекови

-Грбни 15пов. подигнувања на трупот(од положба легнати на грб,рацете поставени на слабински дел од грб го подигнуваме трупот до махсимална висина).

 (одморот помеѓу повторивањата,вежбите 25 до 30сек.)

 

Ученици сакаме да ви напомениме да се придржувате на временската рамка предвидена помеѓу повторувањата(вежбите) и сериите.Програмата е предвидена за наредната седмица, со напомена за 3 до 4 дневна активност во неделата пр.(Вторник,Четврток,Сабота и Понеделник).За поамбициозните ученици и учениците кои се во подобра физичка подготвеност(кондиција) препорачуваме во останатите денови или дополнително (како надоградба на оваа програма) од неделата да ја користите мобилната апликација(Plank Workout – која веке ви ја понудивме претходно)

    Дозирањата (бројот на серии, бројот на повторување на вежбата) можете да ги прилагодите според сопствените можности.со посебно внимание на временскиот одмор(придржување на препораката)

 

Спортски поздрав

 

Актив по Спорт и спортски активности

Математика за економисти за IV година

Драги ученици, сите активности и материјали по предметот Математика за економисти се реализираат и се поставени на системот Moodle

Деловно работење - изборен