Избран претседател и заменик-претседател на Ученичкиот парламент
Објавено на: 28.10.2021
На ден 21.10.2021 година (четврток) се одржа Втората седница на Ученичкиот парламент на која беше избран претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент за учебната 2021/2022 година.
По упатениот Повик на Првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент за избор на претседател, заклучно со 20.10.2021 година се пријавија двајца кандидати:Драгана Гајиќ и Филип Ралев, ученици од трета година.Учениците се претставија пред присутните со програма за работа на Ученичкиот парламент и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа функција.По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Ученичкиот парламент во учебната 2021/2022 година членовите на Ученичкиот парламент го избраа ученикот Филип Ралев, а за заменик-претседател беше избрана Драгана Гајиќ.Седницата ја водеше Тијана Илова, ученичка од трета година.На присутните им се обрати Директорката Г-ѓа Јасмина Чулева, а на претседателот и заменик претседателот им посака успешна работа.