Избран претседател на Младинската/Ученичка организација


Објавено на: 21.10.2016

На ден 20.10.2016 година (четврток) во училишната кино сала се одржа Втората седница на Училишната /Младинска организација со Дневен ред:  избор на претседател и заменик претседател на Младинската/Ученичка организација за учебната 2016/2017 година.

По упатениот  Повик на Првата конститутивна седница на Младинската/Ученичка организација за избор на претседател заклучно со 19.10.2016 година (среда) за претседател на Младинската/Ученичка организација аплицираа  пет кандидати: Росана Милкова, Милица Јованова, Дајана Димова, Пане Белевски и Владо Димовски. Учениците се претставија пред присутните со програма за работа на Младинската/Ученичка организација и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа функција. По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Училишната /Младинска организација во учебната 2016/2017 година беше избрана ученичката Росана Милкова, а  за заменик претседател беше избрана ученичката Милица Јованова.

14724008 10209449339763959 1095099114 o   14787003 10209449336523878 588645214 o 

14795920 10209449334243821 41251465 o   14800026 10209449351644256 391336600 o

Седницата ја водеше ученичката Александра Кадрова, а присуствуваа претседателите и заменици претседатели на класовите, училишниот педагог, психолог и одговорниот наставник Наташа Матакова. 

14808771 10209449337643906 344355278 o   14808930 10209449350044216 516355853 o

14813071 10209449335603855 1481371914 o