Изложбено Пано и презентација по повод Патрониот празник на гимназијата


Објавено на: 21.11.2022

По повод Патрониот празник на гимназијата, учениците од III-5 клас, Ивана Илова, Фросина Настова и Александра Јованова, под менторство на Богде Коцева – проф. по биологија и Јасминка Ризова, стручен соработник – педагог, подготвија изложбено Пано на тема: „Дуња – Есенско овошје полно здравје“.

На паното беа поставени текстови за значењето на дуњата, нејзините карактеристики и благодети што таа ги нуди, како и слики за ова есенско овошје.

Исто така, во знак на Денот на училиштето, учениците од III-5 клас, Емилија Костовска и Ивана Илова, изготвија презентација на тема: „Дуња – Лековито овошје“. Презентацијата ги содржи сите значајни особини на оваа овошје, како и нејзиното лековито дејство.

Им благодариме на учениците за вложениот труд и одвоеното време, како и тоа, што беа дел од оваа активност за одбележување на Патрониот празник на нашето училиште.

 

Дуња 11.11.2022