Одбележан Светскиот ден на Дијабетесот


Објавено на: 30.11.2022

По повод 14 ноември – Светски ден на дијабетесот, учениците од I-5 клас, Анастасија Ризова, Ана Мариа Димова, Мила Јованова и Јана Димкова, под менторство на Богде Коцева – проф. по биологија и Јасминка Ризова, стручен соработник – педагог, подготвија изложбено Пано на тема: „14 ноември – Светски ден на дијабетесот“.

На паното беа поставени текстови за запознавање и информирање на учениците за шеќерната болест или дијабетесот, превенција и заштита од дијабетесот, совети за здрави животни навики, како и слики за оваа болест, која се почесто ја зафаќа и младата популација.

Им благодариме на учениците што вложија труд и одвоија време за да ја реализираат оваа активност за одбележување на Светскиот ден на Дијабетесот.