Почитувани родители, ученици и граѓани,
Во понеделник, во 13:00 часот, во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци ќе се реализира показна вежба – симулација на пожар и евакуација на учениците.
Вежбата е однапред планирана и има исклучиво едукативен и превентивен карактер, со цел учениците и вработените да се запознаат со правилното постапување и безбедна евакуација во случај на пожар или друга итна состојба.
Во текот на вежбата може да има зголемено присуство и активност на надлежните служби околу училиштето, што е дел од планираната симулација и не треба да предизвикува загриженост или паника.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
