Известување за учениците од училиштниот педагог


Објавено на: 24.03.2020

Почитувани ученици,

 

Најпрво, би сакала сите да Ве поздравам, се надевам дека Вие и Вашето семејство сте добри и здрави и дека во семејна атмосфера добро ги поминувате деновите кога нашата држава е во вонредна состојба поради COVID-19, Коронавирус.

Она што би сакала да Ви го кажам е, доследно почитување на сите мерки и препораки од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Владата, со цел побрзо и полесно надминување на оваа вонредна состојба поради пандемија од Коронавирус.

Редовно посетувајте ја веб страната на нашето училиште, Moodle, Zoom и исполнувајте ги задачите и активностите што Ви ги поставуваат Вашите наставници. Учете од дома, учете онлајн, затоа што и овој вид настава е доволно добар за образовниот процес да продолжи понатаму и да биде на ниво кое задоволува, па дури и да се вреднуваат Вашите задачи и одговори.

Останете ведри и позитивни, направете добра организација, односно распоред на Вашите домашни и училишни активности во текот на денот.

Доколку имате било какви прашања и информации поврзани со наставата или надвор од неа, Ве молам контактирајте ме на мојата е-маил адреса: jasminka_ivanova@yahoo.com.

Искрено се надевам дека ќе се видиме што е можно побрзо на местото каде што и наставниците и учениците треба да бидат и најдобро се чувствуваат, а тоа е училиштето. А, дотогаш, останете дома!

Ви посакувам успешно учење и сè најдобро!

 

Со почит,

Јасминка Ризова – училиштен педагог

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци