Останати содржини
Објавено на: 21.03.2020
21 март Денот на пролетта и екологијата
Учениците од Нашата Гимназија ,,Добри Даскалов“ од Кавадарци и во вакви вонредни услови кога сите се наоѓаме во една незавидна состојба нападнати од корона вирусот, неуморно работат и се потрудија да го обележат денешниов ден – Денот на екологијата и Денот на пролетта.
Тие издработија презентација испраќајќи порака до нивните врсници за подигање на еколошката свест, за здрава и чиста животна средина и за зачувување на природата.
Како ментор сакам искрено да им се заблагодарам на учениците од II-3 клас , а воедно на сите ученици и колеги да им посакам добро здравје, внимателно да ги почитуваат инструкциите на институциите за заштита во ваквата ситуација и што побрзо повторно да сме заедно и да продолжиме со нашите активности.
Ученици кои ја изработиле презентацијата:
- Росана Камчева
- Александра Минева
- Марија Ќимов
- Марија Тодева
- Страхил Глигоров
- Благој Трајков
Потсетување од училишниот психолог
Почитувани ученици и родители,
Во овие вонредни околности кога наставата се организира преку далечинско учење, односно учење од дома, кога навистина добивате многу совети, насоки, инструкции од предметните наставници и други лица, сакам да Ве потсетам дека со училишниот психолог и понатаму може да комуницирате.
Продолжува едукацијата на учениците додека училиштата се затворени.
За многу прашања поврзани со воспитно-образовниот систем во периодот на учење од дома, за ефикасно учење, за самомотивирање и остварување на посакуваните резултати, за подобра емоционалната состојба, за исполнување на слободното време со корисни содржини и активности и за други теми, слободно може да пишувате на еmail на училишниот психолог: iva_dusanka@yahoo.com.
Понекогаш за одредени потешкотии полесно е да се напише, отколку за нив да се каже во непосредна комуникација.
Кој сака да најде решение на проблемот – ќе најде начин, кој не сака ќе најде оправдување!!!
Примете срдечен поздрав со желба сите да бидеме здрави и наскоро да се видиме во нашето училиште и училници.
Душанка Иванова,
Проф.по психологија и стручен соработник
Датум: 29.03.2020 година
Успешно учење на далечина-презентација за учениците
Успешно учење на далечина-презентација за учениците
Успешно учење на далечина-презентација за учениците