Конференција за подобрување на мерките за спречување и превенција од насилство во училиштата


Објавено на: 19.09.2019

На 19 септември 2019 година во хотел Континентал во Скопје се одржа  Завршната конференција „Како да се подобрат мерките за спречување и превенција од насилство“. Организатор на конференцијата беше Коалиција СЕГА, а настанот е во рамки на проектот „Препознај, превенирај и примени мерки против насилство“ кој е  финансиран од Европска Унија, а спроведуван од СЕГА и Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта.  Проектот беше реализиран од 01 јануари до 31 јули 2019 година, со цел подобрување на мерките за безбедност во училиштата.

Покрај  повеќето активности, во рамки на проектот беше спроведено и истражување за застапеноста на насилството и видовите насилство во училиштата. Во истражувањето учествуваа 1500 ученици од 15 средни училишта од различни општини во нашата држава вклучени во проектот.

На конференцијата беа презентирани резултатите од истражувањето односно наодите од анализата за утврдување на состојбата за постоење, превенција и справување со насилство во средните училишта. Наодите покажуваат дека се зголемува насилството во средните училишта. Беше водена одлична дискусија при што беа изнесени повеќе препораки за мерки кои во иднина би придонеле за намалување на насилството во средните училишта.

На конференцијата од нашето училиште учествуваа Душанка Иванова, стручен соработник – психолог и Жанета Делова, проф.по економски предмети.