На 20 септември 2017 година во нашето училиште се спроведе акција за дарување на крв за учениците од трета и четврта година.
И оваа година учениците ја искажаа својата хуманост и солидарност и несебично даруваа крв за да се спаси нечиј живот.
Акцијата беше успешно организирана и реализирана од страна на Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје и О.О Црвен крст од Кавадарци.
Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи.