Новогодишен хепенинг


Објавено на: 31.12.2010

Средношколците при нашата гимназија „Добри Даскалов“масовно собрани го прославија крајот на уште една успешна година со мини концерт во училишниот хол.

 

NovogidisenHepening1

Иако првичната замисла беше организирање на караоке, сепак им го отстапивме местото на талентираните соученици кои ни приредија одлична забава.

Концентот се одржа на 29. 12. 2010 г., со настап на повеќе соло изведувачи, поетски читања и во постојана придружба на новоформираната музичка група BLOOM.

NovogidisenHepening2

За време од два часа забавувачите привлекоа многубројна публика пред која доследно се претставија и успешно се забавуваа. Потврда за тоа беше гласниот аплауз со кој беа многупати поздравени.