Одбележани денот на екологијата и денот на пролетта


Објавено на: 22.03.2017

На 21 март 2017 год. се одбележаа денот на екологијата и денот на пролетта. Покрај тоа што денот беше работен и наставен ден, дел од учениците и професорите изготвија еко изложба со еко пораки, цртежи и хамери. Во подготовките учествуваа учениците се со цел да се подигне свеста за заштитата на животната средина и да се одбележи денот на пролетта.

Одбележувајќи го овој ден учениците спроведоа и активности како: фарбање на училишната метална ограда, чистење и средување на кабинетот по биологија и училишниот двор.

Photo 3-22-17 4 12 30 PM

Photo 3-22-17 4 12 12 PM

Photo 3-22-17 4 12 14 PM