Одржан општински натпревар по Биологија


Објавено на: 22.03.2017

На 04.03.2017 година во нашето училиште се одржа Општинскиот натпревар по Биологија. На натпреварот учествуваа 25 ученици од I, II, III и IV година. Натпреварот се помина во најдобар ред , според правилата и насоките кои ни беа испратени од Председателот на Друштвото на Биолози на РМ.

Општинската комисија го организира и спроведе натпреварот . Резултатите се прегледуваат во Скопје и сеуште немаме конечен одговор за постигнувањата на нашите ученици. На учениците им пожелуваме успех , а на колегите професори кои учествуваа во организацијата и подпомогнаа за одржувањето на натпреварот им Благодариме.

Сите ученици кои што учествуваа на општинскиот натпревар, продолжуваат да се натпреваруваат и на регионалниот натпревар.