Предавање за Преносливо полови болести


Објавено на: 09.04.2010

Со растот и развојот на младите, неизоставно се наметнува потребата да им се создаде навика за грижа и заштита на нивното здравје. Половото зреење е нормален биолошки процес. Затоа е нужно на сите млади да им се овозможи едукација за причинителте коишто доведуваат до полови заболувања.

PrenoslivoPoloviBolesti1

На 09.04.2010 година во просториите на Гимназијата „Добри Даскалов” за учениците од II и IV година, беше одржано предавање на тема „Преносливо полови болести“, организирано од проф. по биологија Богде Коцева.

PrenoslivoPoloviBolesti2

Предавањето го водеше Д-р Катерина Маневска, специјалист гинеколог – акушер од Кавадарци.
Цел на предавањето беше учениците навреме да се запознаат со ризикот од полово заразните болести, да се заштитат од нив, да ги спречат, но и како да постапат доколку се заболат од нив.

PrenoslivoPoloviBolesti3