Претставници од гимназијата присуствуваа на обука „Менаџментот на човечки ресурси во образовните институции”
Објавено на: 21.04.2017
На 19 април 2017 година на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје беше организирана обука „Менаџментот на човечки ресурси во образовните институции” . Нашето училиште со свои претставници беше учесник на оваа обука заедно со неколку менаџерските тимови од други училишта од Кавадарци. Поздравно обраќање имаше директорот на Центарот за кариера, доц. д-р Љупка Наумовска која на присутните им го презентираше универзитетот со посебен акцент на уникатната методологијата на студирање, современите услови за работа како и примената на дигиталната технологија за време на студиите. Обуката се реализираше во два блока.
Во првиод дел, проф. д-р Александра Стоилковска, преку интерактивна презентација ги истакна иновативните научни информаци во врска со потребата од стратегиски менаџмент на човечките ресурси во образовните институции, при што ги потецираше фазите на професионална ориентација, професионален и кариерен развој како фундаментални во реализацијата на воспитно-образовниот процес во функција на продуцирање на кадри со конкурентни компетенции. За време на паузата учесниците имаа работна средба со ректорот, проф. д-р Аце Миленковски.
Вториот дел од обуката го реализираше доц. д-р Валентина Муцунска Палевска во кој преку групна работа беше направена корелација помеѓу актуелните егзактини трендови, досегашната практика во менаџирањето на човечките ресурси во образовниоте институции и потребата зајакнување на капацитетите, посебно во процесот на институционализирање на професионализмот. По завршувањето на обуката на учесниците им беа доделени сертификати.