Продолжи ја и ти успешната приказна! Најдоброто образование е пасош за иднината!


Објавено на: 20.05.2021

Гимназијата е втор дом на многу ученици кои денес ги допираат најголемите животни височини,творат,создаваат и креираат успех.Горди се на патот кој го избрале, знаењата и вештините со кои се стекнале во училиштето каде секогаш со љубов се враќаат. Професионалноста како столб на нивните успешни кариери започна во средношколските денови.

Лекари, професори, психолози, информатичари, архитекти, инжинери, адвокати, менаџери, правници, судии, нотари, сметководители, економисти

Тие ни ја испраќаат најубавата порака:

Биди одлучен, биди сигурен, избери го најдоброто за себе! Јас учев во СОУ Гимназија„Добри Даскалов“.Го направив вистинскиот избор! Направи го и ти!

Добредојдовте во светот на успешните!!!

Гордо зачекорите во училиштето кое е вистински спој на традиција и квалитет, денес модерно училиште на 21 век. Името го знаеме сите,гордоста на нашиот град – СОУ Гимназија„Добри Даскалов“.

Зошто СОУ Гимназија „Добри Даскалов“

  • За да бидете со најдобрите и најуспешните!
  • За да бидете гордост во државата и надвор од неа!
  • За да стекнете трајни знаења и вештини кои ќе ви отворат нови хоризонти во животот!
  • За да учествувате во меѓународни училишни проекти и да се развивате себеси како млади луѓе со потенцијал и идеи!
  • За да бидете професионалци и да ви се отворат многу можности за работа!
  • За да бидете лидери!
  • Затоа што образованието е најмоќната алатка за да го промените светот