Прогласување на првенци на генерацијата


Објавено на: 22.08.2023

Да осознаваш, да учиш и градиш вредности, да сонуваш за големи успеси и храбро да чекориш кон светла и позитивна иднина е заедничка цел на младите гимназијалци, идните академски граѓани.Гимназијата ќе ги памети нивните успеси, освоени награди, работливоста, професионалноста и жедта за големи знаења.Кога се сумираат резултатите, кога се бројат наградите и кога сите заедно сме горди на се што е постигнато,се изделуваат учениците кои заедно со своите ментори секојдневно ја продлабочуваа љубовта кон науката и ги освоија највисоките државни и меѓународни признанија од областа на математиката, физиката,информатиката,спортот,јавното говорење.Да бидеш прв меѓу најдобрите,со својата генијалност да ги освоиш образовните врвови и да ја продолжиш успешната приказна на генерациите пред себе е гордост на секој ученик.

Директорката Јасмина Чулева им ги врачи призанијата на најдобрите.Приматот ученик на генерацијата од гимназиско образование го доби ученикот Мајкл Георгиевски, а ученик на генерацијата од средно стручно образование Блаже Игнатовски.Покрај овие двајца ученици,оваа година дипломи за континуиран одличен успех и постигнати врвни резултати добија и учениците Бошко Бошков од гимназиско образование и Стефанија  Насторовска од средно стручно образование.

Директорката им посака многу успех во понатамошното образование,исклучителност и лидерство во нивната кариера,освојување нови продуктивни врвови и градење на нивната сестрана личност.Учениците се заблагодарија на сите професори кои ги даруваа со знаења,вештини и желба за големи достигнувања затоа што успехот е скала по која секој треба да се  искачува,да се труди и да се докажува.Гимназијата останува да биде расадник на млади,успешни луѓе полни со знаења и ентузијазам,а на првенците на генерацијата им посакува многу успеси на кои сите заедно ќе се радуваме.