Натпревар „Камп на иновации” и освоено 3 (трето) место

Во организација на „Џуниор Ачивмент Македонија”, од 15 до 16 јуни 2026 година во Струга, се одржа тимски натпревар „Камп на иновации” на тема: „Екологија и иновации”.

На овој натпревар, од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци учество земаа ученичките од II-6 клас, профил: економски техничар: Симона Цветковиќ, Благица Димкова, Драгица Кимова, Симона Кабранова и Магдалена Димитриева, под менторство на професорката Лоска Давчева.


Целта на натпреварот беше јакнење на претприемничките вештини на учениците, преку демонстрирање тимска работа, креативност, иновативност и создавање „зелени” иновации. Тимовите од ученици, под менторство на професорите, создаваа иновации преку кои ќе се искористуваат, а истовремено и заштитуваат природните ресурси.


Ученичката Симона Цветковиќ, со нејзиниот тим, освои освои 3 (трето) место и доби пригодна награда, а сите учесници на натпреварот добија сертификати. Овој натпревар е доказ дека младите можат и знаат – само треба да се канализира нивната визија!