На покана на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ за учениците од образовниот профил Правен техничар Државниот управен инспектор Марија Лалкова одржа работилница за доближување на работата на управните органи до учениците.
Ова искуство им обезбеди на учениците можност да ги запознаат практичните аспекти на правната професија, дополнување на знаењето, особено во областа на организација, надлежност и постапување на Државната управа и Државниот управен инспекторат.
Активноста организирана од страна на проф.Александра Ристова има за цел кај учениците да се создадат трајни знаења како подготовка за идни правници и ги воведе во успешно професионално патување.